Рубрика: Фототехника
Тест: FUJI FINEPIX S4300
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Fuji S4300 обединува две непомирливи категории – ниска цена и мноштво напредни опции. Во Fuji навистина се потрудиле на купувачите да им понудат што е можно повеќе за вложените пари. Резултат? Мануелни нагодувања, одличен 26x зум, добар квалитет на фотографиите, понекој недостаток… и сè тоа спакувано во компактно DSLR-овско куќиште по цена од 8 999 денари!

Уште на самиот почеток да разјасниме со дилемите. И покрај DSLR дизајнот на куќиштето, FinePix S4300 во основа е само "впери-и-снимај" камера со моќен зум и поголем објектив од класичните компакти. Ништо повеќе од тоа. Затоа, не очекувајте врвен DSLR-овски квалитет на фотографиите, бидејќи тоа нема да го добиете.
Од прва, па на нож? Не гледајте така на работите. Како и секогаш, се трудиме да бидеме максимално објективни. Затоа, веднаш ќе нагласиме дека, од друга страна, за сума од 8.999,oo денари тешко дека ќе пронајдете дузина други модели со 26-кратен зум, мануелни контроли, континуирано снимање, изобилие од предефинирани режими… со еден збор, да вкусите од сите категории по нешто.

Клучни зборови:

FLOWER модот дава поживи бои при фотографирање на цвеќињата.

Долга експозиција – не е лошо, но далеку од можностите на SLR/SLT моделите и од средната класа.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.