Рубрика: Аеронаутика
Авионите на иднината веќе се проектираат (2)
Автор: Владимир Андоновиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатиот број беше објаснета потребата од нова генерација авиони за задоволување на нараснатиот воздушен сообраќај кој нè чека во средината на 21 век. Наспроти револуционерните форми и сл. присутни во предвидувањата на визионерите, основата на идните авиони (облиците, видот, капацитетите, перформансите и еколошките побарувања) се среќаваат кај веќе постоечките модели, од кои беа наведени само три. Во текстот што следува ќе бидат претставени најинтересните проекти на еколошките авиони, најбрзите авиони и оние што ќе летаат во стратосферата. Сигурно е само едно: авион што ќе ги поседува сите најдобри особини, нема да биде конструиран. И овој пат, како секогаш во техниката, конструкторите целосно ќе го задоволат основното побарување, а останатите според можностите, т.е. и авионите на иднината ќе бидат само оптимални решенија на спротивставените побарувања и на технолошките можности.

Стариот сон на воздухопловците да се лета побрзо, повисоко и подалеку останува предизвик за конструкторите и во XXI vek. Но сега на располагање стојат нови погонски и конструктивни материјали, како и нови сознанија од областа на аеродинамиката, роботиката и компјутерската технологија. Станува јасно: брзината не може да се создаде само со користење на грубата сила, т.е. само со зголемување на силината на моторите, што ја зголемува потрошувачката на гориво и авионите ги прави неекономични и нееколошки. Аеродинамиката открива нови можности за рационално постигнување големи брзини и големи висини, без дополнително внесување енергија: со намалување на штетните отпори (преку редизајнирање на комплетниот авион) и со користење на енергијата од сопствените ударни бранови. Но, како и да е, за визионерите во воздушниот транспорт една работа е сигурна: иднината на воздушниот сообраќај не може повеќе едноставно да "профучи" само со "суров" технички прогрес, како што бил случајот со Конкорд. За да продолжи да се развива, цивилното воздухопловство во иднина ќе мора да води сметка за низа нови надворешни параметри. Првиот од нив, секако, е заштита на природната средина. Воздушниот транспорт на утрешнината ќе биде зелен или нема да постои. Меѓутоа, ова е само потребниот, но не и доволниот услов, со што целиот проект станува понеизвесен и покомплексен. Едно сепак е точно: иднината на воздушниот сообраќај се подготвува почнувајќи од денес. Во ова продолжение на написот авионите на иднината ќе бидат презентирани во три поглавја: конструкции со тежиште врз економските и еколошките ефекти, конструкции со тежиште врз перформансите и конструкции кои можат да се очекуваат во најскора иднина.

Клучни зборови:

Проектот на ЕСА - концепт моделот А2

Концепт дизајн на Локид-Мартин со ромбоедарски крила и други напредни технологии.

Конфигурацијата летечко крило од Boeing

Се чини дека од сите концепти прв во употреба ќе се најде Boeing/Nasa Icon 11

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.