Рубрика: Аудио и видеотехника
Колку гласно е премногу гласно?
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Колку гласно е премногу гласно? Одговорот на ова прашање не е едноставен. Поставувањето на точни аудионивоа, како и следењето и мешањето на аудиосигналите може да биде тежок и напорен процес, и покрај напредните технологии. Новите компактни видеокамери доаѓаат со нов бран на интерес и со нови барања кои мораат да бидат задоволени за аудиоснимање. Многу од овие апарати имаат ограничени можности за снимање на аудиоделот, поради тенденцијата да бидат што помали, па затоа стана вообичаено тонот да се снима на друг уред како што е пренослив рикордер или компјутер. Како резултат на ова, миксувањето, додавањето аудиоефекти и друго, стана уште покомлицирано и се отворија многу прашања во овој домен, прашања коишто бараат соодветен одговор. Практиката и искуството се особено важни, без разлика дали се користи професионален софтвер за уредување или само аудиозапис за YouTube.

При снимање на одреден аудио видео-производ, битно е како ќе биде снимено видеото, како ќе биде снимен тонот и како тие две работи ќе бидат синхронизирани. Какви било изобличувања во аудиото можат да му пречат на одличниот квалитет на видеото, и обратно. Значи, верен и квалитетен тон и видео се она што се бара. За најчестите грешки во снимањето на видеото, во некој друг напис. Во овој напис ќе стане збор за аудиото.
Како што е познато, аудиоопремата за снимање и софтверот доаѓаат во облик на бројки и букви. Мерењата вообичаено се во децибели (dB), но постојат различни референтни нивоа, во зависност од типот на опремата. Веројатно сте виделе дека на опремата за широка потрошувачка за аудиоснимање, на дисплејот пишува 0 dB. Така пишува и на евтините аудиомиксери и на софтвери за монтирање музика, но 0 dB може да се мери на различни начини.
На пример, ако имате некој стар аналоген аудиорикордер, тој најверојатно ќе има еден од оние ретро "игла-стил" метри. И, секако, на неговата скала има обележано 0 dB. Но, во зависност од тоа дали тој рикордер е уред за широка потрошувачка или професионален, 0 dB би можело да значи дека станува збор за еден од најчестите два вистински нивоа на аудиосигналот. На потрошувачките, тоа е референција од 0,775 V сигнал, додека на професионалнте тоа е ниво со референција од 1 V. Една четвртина од еден волт не изгледа како многу, но во аудиосветот, тоа е прилично голема разлика, и претворено во децибели воопшто не е занемарлива. Тоа добро го знаат тие што се занимаваат со снимање аудиосигнали.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.