Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Суперлеќи од стакло; Лаптоп на соларна енергија; Автопатишта осветлени со ветар; Најголемиот кратер на марсовата месечина Фобос; Како мозокот ги обработува информациите; Countryman B6 Lavalier – "невидливо" микрофонче; Ултразвучна таблета; Речен тек на сатурновата месечина Титан; Компјутерите наскоро ќе имаат сетило за допир, вид, слух …!; Вакцина против тумор на мозок; Шкода Рапид пристигна во Македонија!; Тест за предвидување срцев удар; iPotty за најмалите; Наградени од конкурсот "Претставете ги Вашите конструкторски вештини"; Зошто 3Д предизвикува главоболки?; Биолошки транзистори за вградување во човечкиот нервен систем

Наградени од конкурсот "Претставете ги вашите конструкторски вештини"

На нашиот конкурс за презентација на самоградбите на читателите изработени според проектите од ЕМИТЕР не се јавија голем број учесници, веројатно затоа што беше релативно кус периодот од почетокот на нашиот повик па до крајот на годината. Сепак, ни пристигнаа повеќе фотографии од квалитетно и убаво изработени проекти, па жирито беше на мака кому да ја додели наградата за најубаво изработен проект. Жирито единствено немаше проблеми за да ја додели наградата за најголем број изработени проекти – тука Јован шикалоски од Охрид немаше никаква конкуренција. Вредниот Шикалоски изработил дури 5 проекти од ЕМИТЕР! Или, можеби изработил и повеќе, но ни испрати фотографии од "само" следниве 5 уреди: Електронска брава (2/2009), Тајмер со 555 (Е 9/2008), Детектор за влага (Е 11/2008), ЛЕД стробоскоп за автомобил (Е 11/2011) и Стабилизиран извор за напојување 0-30V/0-3A (Е 3/2005). Работливиот Шикалоски за овој труд го наградуваме со едногодишна претплата на ЕМИТЕР.

Наградата (годишна претплата на ЕМИТЕР) за најдобро изработен прект ја доби Бранислав Стратров од Скопје за убаво изработениот проект "Стерео засилувач за слушали во А класа" од ЕМИТЕР 6/2009. Тој дури и ја облагородил алуминиумската кутија со налепена фолија со имитација на структурата и бојата на фурнир. Надвор од наградите, мораме да го спомнеме нашиот читател Мирослав Милосављевиќ од Ниш (Србија), кој изработил "Терморегулатор за лемило" (Е 12/2004). Со неговото учество овој наш конкурс неочекувано доби меѓународен карактер, за што му се заблагодаруваме. Им се заблагодаруваме на сите останати учесници кои беа вредни и ни испратија фотографии од нивните самоградителски успеси. Веруваме дека објавувањето на нивното име покрај фотографиите од нивните изработени уреди на веб-страницата на ЕМИТЕР, на очиглед на сите посетители, се добра награда за нивниот труд. Се надеваме дека тоа ќе им даде поттик и на останатите читатели на ЕМИТЕР.

Конкурсот "Претставете ги Вашите конструкторски вештини" и понатаму продолжува! Драги читатели, ја имате на располагање целата 2013 година да ни испратите фотографии од вашите изработени уреди, но не чекајте, веднаш зафатете се со работа! Вашите фотографии ќе бидат објавени пред целата македонска јавност, потпишани со вашето име ипрезиме. За повеќе информации погледнете на https://emiter.com.mk/vasi_proekti. Се надеваме дека ваквиот начин на промовирање на самоградителите ќе ги поттикне и останатите читатели и ќе го подигне општото ниво на техничка култура во Македонија.

Владимир Филевски

 

Шкода Рапид пристигна во Македонија!

Обожавателите на висококвалитетни автомобили по атрактивни цени, сега имаат уште една причина за радост – во салоните на Porsche Macedonia пристигна најновиот член на семејството на ŠKODA – новиот ŠKODA Rapid. ŠKODA Rapid е автомобил кој импресионира со многу простор, впечатлив дизајн, одличен сооднос цена-квалитет, сеопфатна безбедност и ефикасни мотори. Позициониран меѓу ŠKODA Fabia и ŠKODA Octavia, полека, но сигурно, моделот станува репер во сегментот на седани: простран и елегантен дизајн, многу бројни паметни решенија, најсовремена технологија и висока ефикасност. Идеален за семејни патувања или секојдневно уживање, без сомнение Rapid овозможува пријатно возење, а истовремено е и еколошки и со релативно прифатлива цена. Новиот потомок на ŠKODA импресионира со изненадувачки простор – должина од 4,48 метри, широчина од 1,7 метри, како и багажен простор од 550 литри. Со комфорен простор за пет патници и нивниот багаж, автомобилот е целосно во согласност со филозофијата на брендот – да нуди паметни решенија и одличен сооднос цена-квалитет, како и севкупна безбедносна опрема. Како опции се нудат пет бензински и два дизел мотори. Н. Стојановска

Стереозасилувач во А класа во изведба на Бранислав Стратров

Стереозасилувач во А класа во изведба на Бранислав Стратров

Стабилизираниот извор на напојување во изведба на Јован Шикалоски

Новата Шкода Рапид конечно и во Македонија

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.