Рубрика: Автомобилска техника
Баланс на снага на ото-мотор
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Испитувањето со баланс на снага е омилена брза трик метода на автомеханичарите кои ги поправаат бензинските мотори. Доколку моторот немирно работи, тешко се нагодуваат определените параметри, нема силина и слабо влече, а згора на тоа и тешко стартува – нема сомнение дека нешто не е во ред со него. Како набрзина да го издвоиме проблемот ќе ни покаже овој метод и доколку наодот е позитивен логично се продолжуваат испитувањата со мерење на компресија во цилиндрите (цилиндарот) и испитување преку мерење на вакуумот во вшмукувачкиот колектор – методи на испитувања за кои ќе стане збор во некоја следна прилика. Се разбира нема да изостанат советите, триковите и мајсторските финти.

Почетоците на нештата секогаш се најтешки. На пример: моторот не работи како што треба, а причините за тоа се безбројни. Од каде да се почне е секогаш најпоставуваното прашање во тие моменти. Како, барем рамковно, да се насочи барањето на дијагнозата, т.е. кој пат да го фатиме уште на почетокот. Испитувањето со баланс на снагата на цилиндрите е идеалното нешто како за почеток. Ништо не чини, малку работа, никакви расклопувања или демонтирање на склопови, нула потреба од алат (освен, по потреба, мерач на броеви на вртежи – вртомер), добар слух и ништо повеќе. А да: и една клешта која штити од пецкања од висок напон при третирање на високонапонските кабли од свеќичките (мајсторите директно со рацете оперираат со овие кабли внимавајќи притоа да не се допрени со телото на автомобилот).
Потребно е секогаш да се има предвид дека на овај пакет на дијагностички методи треба да се додаде и мерењето на компресија на ото-моторот и испитување на ото-моторот преку вакуумот во вшмукувачкиот колектор. При ова на располагање имаме еден моќен сет на методи кои е потребно секогаш да се користат при донесувањето на дијагнозата за дефектниот мотор. Исто така потребно е да се знае дека сериозен професионален автомеханичар потребно е суверено да ги владее овие испитувачки методи кои му нудат многу незаменливи информации потребни во процесот на донесување на дијагнозата за проблематичниот ото-мотор.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.