Рубрика: Астрономија и астронаутика
Радикално нова хипотеза за потеклото на сатурновите прстени
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Според досега актуелната хипотеза, Сатурновите прстени се релативно "млада", подоцнежна творба, формирана од распаѓањето на некоја заталкана комета пред само 100 милиони години. Но, во најново време една американска екипа астрофизичари излегле со радикално спротивно решение за потеклото на Сатурновите прстени, според кое прстените се формирале приближно во исто време кога се формирала и самата планета, т.е. пред околу 4,5 милијарди год., со распаѓањето на еден Сатурнов сателит!

За потеклото на Сатурновите прстени, астрофизичарите размислувале околу две можни опции. Според првата опција, прстените се формирале во исто време кога се формирала и планетата Сатурн, впрочем, сите планети од типот гасовити џинови при своето формирање биле опашани со диск од прав и гас, од кој подоцна се формирале нивните прстени и многубројните нивни месечини. Според втората опција, прстените се формирале многу подоцна, пред само околу 100 милиони год. од распаѓањето на некоја комета, која заталкала во близина на Сатурн под т.н. Рошова граница, па се здробила под дејство на "плимите и осеките" предизвикани од гравитациското дејство на планетата.
Првата опција космолозите ја исклучиле сметајќи дека, доколку прстените беа формирани во исто време кога и планетата, тие денес би биле стари 4,5 милијарди год., па не би можеле да се одржат до денес, туку досега би се распаднале, како што тоа се случило кај другите гасовити планети: Јупитер, Уран и Нептун. Така космолозите започнале да се престројуваат зад втората опција уште од 1987 год., по поминувањето на сондата Voyager ("Патник") покрај планетата Сатурн, меѓутоа таа опција стана општоприфатена хипотеза дури во последните неколку год. откако сондата "Касини" прецизно ја утврди механичката структура на прстените. Детален опис на оваа хипотеза можете да најдете во ЕМИТЕР бр. 7-8/09: "Разрешено потеклото на Сатурновите прстени".
Меѓутоа, хипотезата циркулираше меѓу космолозите само околу 3 год., а потоа една американска група истражувачи под раководтсво на Робин Кануп (Robin Canup) ја актуелизира токму претходно отфрлената прва опција, според која прстените се формирале во исто време кога и самата планета. Па да ја проследиме таа радикално нова хипотеза.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.