Рубрика: Автомобилска техника
Масти за подмачкување
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Безбројни се местата каде што како средство за подмачкување се користат мастите. Корисно би било да се запознаеме со нив: од што се состојат, што значат ознаките на нивните пакувања, кои се најчестите видови кои можат да се најдат на пазарот. Ќе се запознаеме со нивните основни механички карактеристики, а ќе дадеме и основни упатства при нивното користење.

Точен (потполн) назив на мастите кои се користат за подмачкување е мазивни масти или масти за подмачкување. Од практични причини во текстов ќе го користам скратениот назив масти. Познати се и како полутечни мазива и уште едно нивно име – конзистентни мазива. Маста за подмачкување е дефинирана како полутечна до цврста дисперзна мешавина на додатоци за згуснување во течност (основно масло). Се состои од мешавина од околу 90% од минерално масло, а остатокот е средство за згуснување (сапун) и адитиви. Средството за згуснување, кое е направено како мрежа од сапунски влакна, има функција на сад кој го задржува маслото за подмачкување. Шуплините на мрежата се исполнети со масло како пори на сунѓер исполнети со вода. Кај речиси 90% од мастите, средството за згуснување е метален сапун, кој се добива кога метал хидроксид реагира со масна киселина. Доколку се притисне мокар сунѓер, водата истекува – сунѓерот се исцедува. На ист начин маслото се исцедува од маста. Меѓутоа, маста ретко е изложена на вакво гмечење кое може да предизвика цедење на маслото, бидејќи во текот на движењето маста секогаш се вовлекува во околните слободни шуплини од склопот што се подмачкува. Со комбинација на сапун, масло и адитиви може да се произведат најразлични масти за различни видови примена.

Клучни зборови:
Различни пакувања на маст за подмачкување од тубички па сè до буриња.

Различни пакувања на маст за подмачкување од тубички па сè до буриња.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.