Рубрика: Фототехника
Тест: Pentax K-30
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Без разлика дали се наоѓате среде дождовните шуми на Амазон или во вашето топло фотографско студио, благодарение на K-30, локацијата веќе не е битна! Неговото водонепропусно тело, прилагодено за секакви временски услови, ќе ви овозможи флексибилност и удобност да снимате каде сакате, што сакате и кога сакате.

Кај професионалната фотографија нема "ситна роса зароси – не можев да снимам". Фотографот е секогаш приморан да биде на висина на својата задача, па во отсуство на лесни преносливи водонепропусни апарати, често е оставен да се снаоѓа сам. Можеби со појавата на K-30 оваа ситуација ќе се промени, па веќе нема да се користат познатите техники на покривање на фотоапаратот со тело или нема веќе да ги гледаме грдите глетки на фотографска опрема покриена со најлон, т.е. пластични кеси. Тука треба веднаш да напоменам дека водонепропусноста на K-30 не дозволува целосно потопување на апаратот и снимање подводна фотографија, за тоа сепак треба посебна опрема. Уште повеќе, стандардно испорачаниот објектив (DAL 1:3,5-5,6 18-55mm AL) не може во никој случај да се смета за водонепропусна компонента. Истото може да се каже и за начинот на неговото прицвстување на телото (бајонетот). За да се постигне потполна водонепропусност на системот тело/објектив, треба да се употребат објективите на Pentax со суфикс WR (Weather Resistant).
Како и да е, новиот K-30 воспоставува нови стандарди во професионалната фотографија, што и не е некое изненадување за Pentax. Тој во последните 6 до 7 години редовно воведува иновации кои многу брзо се применуваат и во моделите на другите производители, па се надевам дека и овој обид ќе предизвика вистинска бура и појава на море од водонепропусни модели на фотоапарати. Кога веќе го класифицирав K-30, морам тука да додадам дека тој е DSLR-апарат од средна класа, подреден веднаш зад моментно најдобриот DSLR на Pentax: K-5. Тоа подразбира дека овој фотоапарат не е наменет за снимање портрети на вашето синче, љубена или миленичиња од зоолошката градина! За таа намена на пазарот постојат мноштво модели кои подеднакво добро ќе ја завршат работата, а ќе можете да купите по еден за секој член на вашето семејство и по еден за сите блиски соседи со цената која ќе ја платите за само еден K-30. И тоа не е навестување дека K-30 е скап апарат! Напротив, спореден со врсниците од својата категорија, тој спаѓа во најевтините, што го подредува во апаратите со најдобар однос цена/квалитет. Како очигледен пример за применливоста на овој фотоапарат се и двете авторски фотографии прикажани во овој напис.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.