Емитер 7-8/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој текст ќе направиме споредба на најчесто применуваните постапки на заварување, како што се: оксиацетиленското заварување (автогено заварување), заварување со електрода (рел-постапка), MIG/MAG заварување и TIG-постапка на заварување. Многумина од нас се запрашуваат дали постои идеална постапка на заварување применлива за сите типови метали, со ниски трошоци за заварување и со добра брзина на заварување? За жал, одговорот на ова прашање е: не постои, а зошто, ќе образложиме во овој текст.
Кога шетаме по продавниците кои се застапници за опрема за заварување, мошне често ни се јавува желба да купиме апарат за заварување, секако инспирирана од потребата да подзавариме нешто во нашиот двор, како на пример: настрешничка, лулашка за деца или, пак, кована ограда. Но доаѓа моментот кога треба да се одлучите во каков уред да направите инвестиција и дали тој ќе ги задоволи вашите домашни потреби. Многумина од нас инвестираат во некоја постапка на заварување и во соодветен уред, но подоцна доаѓаат до заклучок дека направиле погрешен избор и дека парите кои ги вложиле во опремата никогаш нема да ги исплатат ("подобро да си платев мајстор"), па така имате чувство дека парите сте ги фрлиле во бунар. Всушност, при купување уред за заварување потребно е да направите инвестиција која е рентабилна и применлива за домашни услови, за да имате бенефит. Критериуми за избор на постапка на заварување и соодветен уред би можеле да бидат:
- постапка на заварување која ќе ги задоволи вашите домашни потреби (најчесто заварување на железни материјали со дебелина до 3 мм);
- цена во сооднос со квалитет на уредот;
- преносливост на уредот;
- напојување на уредот и осетливост на низок напон (монофазните приклучоци се најдостапни);
- дополнителни трошоци за заварување (додатен материјал, гас, електроди, резервни делови).
Во продолжение ќе ги објасниме карактеристиките на поедините постапки на заварување, па можеби кон погореспоменатите основни критериуми ќе додадете и некој нов критериум за избор, соодветно на вашите потреби за заварување.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.