Рубрика: Информатика
Постои ли најдобра таблет-платформа?
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако хардверот е важен дел на кој треба да обрнете внимание при набавката на нов таблет, секако дека оперативниот систем кој доаѓа со него е уште побитен, па може да биде дури и решавачки фактор при вашиот избор. Имајќи го ова предвид, во следниов напис ќе разгледаме неколку различни оперативни системи кои таблетите најчесто ги користат како софтверска платформа.

Самиот збор "таблет" доаѓа од физичкиот изглед на овој вид преносни компјутери. Со нивниот рамен плочест изглед, без тастатура, тие неодоливо потсетуваат на минијатурните таблички кои некаде до средината на минатиот век се користеа од страна на учениците како пиши-бриши "тетратки".
При изборот на таблет се соочувате со повеќе различни големини на екран и кој знае колку различни спецификации на внатрешните хардверски делови, но во крајна линија тие сите имаат сличен изглед. Па така, за купувачот главен фактор по кој таблетите најмногу се разликуваат е веројатно нивниот оперативен систем. Голем дел од вас ќе се одлучат за купување на некој таблет токму затоа што тој работи на Android, или, пак, за iPad заради неговата Apple iOS платформа, а има и такви кои токму платформата на BlackBerry ќе ја видат како предност заради поврзување на нивните омилени гаџети. Па, за некои работи да ни станат појасни, да ги разгледаме предностите и недостатоците на секоја од овие софтверски платформи.

Клучни зборови:

Иако iOS барем засега предничи на пазарот, од Андроид се очекува многу

Вака отприлика би требало да изгледаат новитетите од iOS6

8-ката конечно finger-friendly

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.