Контроверзниот инженер Ентони Левандовски во е познат по тоа што работеше во одделението за автономни возила во Google (сегашно Waymo). Од таму одлучи да си оди и jа основа својата компанија Otto. И тука можеби лежи дел од проблемот. Имено, Otto исто така се занимава со уреди за автономно возење...
Левандовски наскоро потоа ја продава компанијата на Uber. Но, во целиот овој процесл, освен своите улуги на Uber им понудил на продажба и мноштво документи кои неовластено ги презел од Google. За целата оваа “ујдурма” Waymo подига тужба која конечно доби судско разрешение.
Процесот помеѓу Uber и Waymo е решен со спогодба – Uber ја прекина работата на автономните камиони. Но, Левандовски ќе мора да плати и за своите лични гревови. По три и пол години на процесот, судот одредил дека Ентони ќе мора да им плати на Waymo оштета од преку 756 илјади долари, казна од 95 илјади долари, но и ќе мора да помине и 18 месеци во затвор.
Левандовски ја прифатил пресудата, јавно се обратил и им се извинил на сите соработници во Google чија доверба ја изневерил, како и на неговото семејство кое заедно со него го помина тешкиот судски процес. Инженерот теба да се јави во затвор откако во Америка ќе се смири ситуацијата со коронавирусот.
Но ова сè уште не е крај на приказната. Левандовски неодамна стартуваше своја тужба со која од Uber бара дури 4 милијарди долари. Во неа наведува дека компанијата знаела какви податоци добива со преземањето на неговата компанија Otto, и дека му гарантирале дека ќе ја преземат одговорноста за сите последици, межу кои и неговата лична заштита од евентуален судски процес.