Рубрика: Автомобилска техника
Заблуди, измами и вистини: HHO генератор на лаги (2)
Автори: Томе Скендеровски, Александар Тошоски, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Бурни реакции предизвика првиот дел од оваа тема објавен во ЕМИТЕР број 3/12. Тоа не поттикна уште еднаш да се навратиме на истата тема и со малку подруг пристап уште еднаш да докажеме и конечно да ги разбиеме илузиите за невозможната мисија пред која е исправен овај уред. Сметаме дека со овие два написа на оваа тема теоретски ќе ја докажеме невозможноста за некоја корисност на HHO генераторот (за практичен доказ ги повикуваме возачите кој го имаат инсталирано овај уред да го отстапат своето возило за тестирање на потрошувачката на гориво). Напротив, ќе покажеме дека тој е штетен за моторот, ја наголемува потрошувачката на бензин и овозможува услови за детонантно согорување при што начисто механички интензивно се деградира моторот. Конечно ќе стане јасно дека HHO не е ништо повеќе од генератор на лаги заради кој скапо се плаќаат последиците кој ги предизвикува.

Текстов е организиран во три поглавја, а проблемот на HHO генераторите ќе го разгледаме од неколку агли. Првото поглавје ќе биде посветено на анализата на енергетскиот биланс, второто на коментар на тврдењата ("теоријата") дека водородот го подобрува согорувањето на бензинот, а во третото поглавје ќе изнесеме неколку дополнителни факти.

Исправки и дополнувања:
"HHO генератор на лаги (2)" (ЕМИТЕР 5/12)

Во првото поглавје од овој напис направив лапсуси со две бројки, но тие не влијаат на главната поента дека HHO генераторот не штеди гориво, туку напротив – ја зголемува потрошувачката!
Во првата колона на стр. 62 правилно е напишано дека: "од педесет грама вода, што е максимален капацитет на генераторот, се добива 5,556 грама (2,778 мола) водород и 44,444 грама (1,389 мола) кислород на час". Но, во втората колона, на две понатамошни места наместо "5,556 грама водород" стои "44,44 грама водород".
Понатаму, напишано е "два кубни сантиметра (0,02 литри) бензин". Се разбира, два кубни сантиметра бензин не се 0,02 литри, туку се 0,002 литри. Дотолку полошо за HHO генераторот! Со оваа корекција претпоследната реченица од првото поглавје гласи: "Со HHO генератор потрошувачката на бензин е поголема за 0,13 – 0,002 = 0,128 ≈ 0,13 литри – наместо автомобилот да троши 6 литри на еден час (или 6 литри на 100 km), со HHO генераторот ќе троши 6,13 литри бензин!" Значи, правилниот резултат (6,13 литри) е уште полош за HHO генераторот од наведените 6,11 литри бензин добиени со одземање на бројката 0,02 од 6,13!
Владимир Филевски

Во второто поглавје од овој на¬пис на две места испуштен е зборот "речиси". Прво: на страница 62 во последниот пасус стои: "...да согори до последен молекул!", а треба да стои "...да согори речиси до последен молекул!". Второ: на следната страница, во првиот пасус, во првиот ред стои: "…не е точно дека 70% од горивото не согорува (како што тврдат на www.hho.mk) – тоа согорува 100%". Треба да стои: "...не е точно дека 70% од горивото не согорува (како што тврдат на www.hho.mk) – тоа согорува речиси 100%". Потребата за овие две корекции е со цел исказите да бидат попрецизни, но тоа што фактички има несогорени неколку молекули на гориво воопшто не ја менува суштината на напишаното.
Томе Скендеровски


Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.