Емитер 5/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во дигиталната електроника сè почеста и почеста е појавата механичките прекинувачи да се заменуваат со електронски тастери. Нивната способност за брзо вклучување и исклучување, намаленото треперење на "контактите", минијатурноста, поголемата сигурност во работата итн. приоритетно и суверено ги наметнува во изборот над механичките прекинувачи. Ако излезот на еден ваков прекинувач се поврзе со полуспроводнички релеј, добиваме брз, минијатурен, моќен и сигурен електронски on/off прекинувач чие управување е само преку еден контролен тастер.
При изборот на електронските компоненти за изградба на електронскиот прекинувач одлучено е да се одбере дигитално коло во CMOS изведба поради малата струја на потрошувачка, широкиот дијапазон на напојување и отпорноста кон надворешните пречки. Сигурно не би сакале прекинувачот да се самовклучува или самоисклучува при работа на фенот, електрични празнења или при запалување на столната светилка. :)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.