Рубрика: Информатика
Како да го изберете вашиот прв таблет
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред лансирањето на iPad во 2010 година, пазарот за таблети речиси и не постоеше. Денес понудата е огромна, пазарот е преплавен со таблети кои се разликуваат според многу особености, од големината на екранот, па сè до процесорската моќ. Пред да се фатите за паричникот, ви препорачуваме да го проследите овој напис во кој ќе се обидеме да ви помогнеме да го одберете вистинскиот таблет за вас.

Таблетите се возбудливо технолошко чудо и не треба да се чудиме што сите клучни производители на хардвер сакаат парче од колачот од овој пазар. Ова неизбежно значи дека изборот на таблети е огромен, а сите тие се разликуваат во однос на големината, обликот и карактеристиките. Справувањето со сите спецификации и одлики на таблетите може да ви се пристори како нерешлива загатка, но ако го свртите вниманието на неколку клучни елементи, работите стануваат многу појасни, а со тоа полесно ќе го направите и вашиот избор. А клучните карактеристики за секој таблет ви ги откриваме токму во овој напис. Тука ќе ги разгледаме централните компоненти на таблетот и ќе ги појасниме разликите за секој од таблетите. На овој начин ќе дознаете која од нив е битна за намената на вашиот иден таблет, и се надеваме дека со помош на оваа информација ќе го изберете токму оној кој е совршен за вас.

Софтверската платформа - битен дел од уредот

Едно од поинтересните решенија за зголемување на екранот го нуди Sony Tablet P

Додатоците кои се достапни за повеќето таблети ја зголемуваат нивната мултифункционалност

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.