Рубрика: Информатика
УСБ чувари на вашиот компјутер
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


USB стикчињата главно ги купуваме за чување и префрлување податоци. И во најголемиот број случаи, приказната завршува тука. Е, баш тука грешиме! Со малку труд (и соодветен софтвер) лесно можат да ни послужат како безбедносна алатка со која компјутерот ќе го заштитиме од неавторизирано "чепкање" и "копање" по приватните датотеки, па какви и да се во прашање (не се смешкајте!). Заинтересирани? Читајте понатаму!

За безбедноста на податоците и опасноста од нивно паѓање во погрешни раце/компјутери досега сме говореле во повеќе наврати. Во ерата на интернетот, online плаќањата, проверки на сметки и секаков вид банкарски трансакции, потребата од зголемена безбедност на компјутерите е особено изразена. Покрај тоа, подложни на манипулација се и разни документи и лични фотографии.
Не е само интернетот извор на опасност. Опасноста демнее и, на пример, на работното место. Лични податоци, работни документи, планови... воопшто, датотеки од секаков вид можат лесно да бидат отворени/видени/ископирани од неавторизирани лица или лица однадвор кои тука ќе се затекнат по која било основа, а кои можат барем на неколку минути да пристапат на нечиј компјутер без притоа да бидат забележани. На крајот на краиштата, зошто воопшто и некој незлонамерен колега/колешка кој е "без осет" да ѕирка во вашата компјутерска приватност, па дури и да немате што да криете!
Лекот за овие нервози се двете мали програмчиња чиј опис следува во продолжение.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.