Рубрика: Макетарство и моделарство
Изработка на модели од хартија
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Моите првите модели беа изработени од хартија. Изборот беше мал и главно од библиотеката на воздухоплови од тогашна Југославија. Сè уште се сеќавам на жолтите модели од хартија на макети едрилици и нивната значајна улога во донесување одлука за моето идно хоби. Пред неколку години се сетив на моите почетоци, па на моите ученици се обидов да им ја пренесам вештината на градба на воздухопловни модели од хартија и успехот не изостана. Со малку хартија и скромен алат се влегува во светот на водухопловното моделарство.

За овој напис се одлучив да ви претставам модел-макета на легендарниот авион Груман Ф-6-Ф (Hellcat) од Втората Светска војна. Во кратки црти да објаснам, се работи за авион кој одиграл значајна улога за превласт на пацифичкото небо, односно одговор на дотогаш непобедливиот јапонски авион од типот Зеро. Во јануари 1943 година дошло до прва негова службена употреба од носачот на авиони на САД (Yorktown). Производството на Ф-6-Ф е прекинато во 1945 година, а забележени се соборени 4947 непријателски авиони.
Конструкторот на овај модел-лизгач од хартија е Gordan C Huisman од Канада, кој даде голем придонес да се изработуваат макети од хартија. Ако се употреби соодветен материјал, можат добро и да летаат. Предвидено е да се изработуваат од хартија за рециклирање и тоа од корици од блокови за цртање, стари календари и сл. Во изминатиот период моите ученици со малку совети го составуваа без напор.

Главни елементи и материјали:

Отпечатен цртеж на моделот на хартија;
Подебела хартија, картон од корици на списанија, задна страна од календари или купени табаци во боја А-4 формат;
Лепило за хартија обично, контактни лепила од различен вид;

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.