Во период од 16 до 20 август, во организација на ФАИ, ВФМ (Воздухопловна федерација на Македонија И градот домакин Прилеп, се одржа Европското првенство во категорија слободно летачки модели Ф-1А, (едрилици), Ф-1-Б, (модели со погон на гумен мотор) и Ф-1-Ц (модели со мтор на внатрешно согорување). Благодарејќи на поканата од организаторот зедов активно учество во мерење на времето на натпреварувачите, вршење техничка контрола на модели после натпреварот и други помошни задачи од интерес на организацијата.
По паузата наметната од пандемиските услови, традицијата на продолжува – во Прилеп се одржа уште едно Европско првенство во слободно летачки модели. Натпреварот се одвиваше во три категории: Ф-1-А – едрилици, Ф-1-Б – модели со гумен мотор, и Ф-1-Ц – модели со погон на мотор со внатрешно согорување, качувачи.
о согласност со ФАИ прописите, организаторот реши да се одржат 7 турнуси и после 18 часот додатен лет за одредување на победникот, но сe продолжи со уште ден додатен Flay Off. Имено, дополнителните стартови се оджуваа секој ден после завршената дисциплина после 18 часот и продолжуваа во наредниот ден пред почетокот на натпреварите од следната категорија закажана во тој термин. На пример, за Ф-1-А се одржаа регуларните 7 турнуси, дополнителни летови за конечен пласман се одржуваа после 18 часот и продолжија следниот ден пред почеток на натпреварите во категоријата Ф-1-б.
Моделар од Франција подготвен за старт
По обичај натпреварите започнувaат со најмасовната категорија едрилици Ф-1-А. По дополнителниот лет пласманот, во конкуренција од 80 учесници пријавени учесници, беше следен: Прво место освои Пер Финдал од Шведска, пред второпласираниот Боштјан Багари од Словенија, a третото место го освои Емануел Раго од Франција. Екипно, во конкуренција на 26 екипи, првото место го освои Чешката Република, пред Шведска и Унгарија.
Најдобро пласиран македонски натпреварувач беше Гоце Јосифовски, со максимален број на бодови во првите 7 турнуси, но при последниот од дополнителните летови заврши на 11 место во вкупен пласман. Сепак, да се најде во група на најдобри моделари, борејќи се за пласман за првите 3 места е огромен успех, и некогаш пласманот зависи и од спортската среќа.
Модел Ф1Ц комплетен и подготвен за слободен лет
Во вториот натпреварувачки ден, на полигонот крај с. Веселчани – Прилеп се одржа натпреварот во категоријата Ф-1-Б, модели со гумен погон, додека третиот ден беше резервиран за Ф-1-Ц – модели со мотор на внатрешно согорување, качувачи.
Согласно препораките на Организаторот се започна доста рано, но времето едноставно не беше наклонето на натпреварувачите. Според предвидената програма се одржаа 7 турнуси, во извонредно тешки услови, со високи температури, при што натпреварувачите се надминаа себеси и го одржаа до крај темпото постигнувајќи врвни резултати.
Во конкуренција од 71 натпреварувач од 24 земји, првото место го освои младиот натпреварувач Бојан Гостојич од Србија, пред Јан Чихк од Чешката Република, додека третото место го освои Ор Шабат од Израел. Победата на младиот Гостоич воопшто не е изненадување, туку круна на неговата континуирана работа под будното око на неговиот татко.
Што се однесува до екипниот пласман во оваа категорија, во конкуренција од 70 натпреварувачи од 24 земји прво место го освои Полска, втора беше Чешка а третото место го освои Украина.
Сушова беше единствена натпреварувачка во категорија Ф1Ц
По комплетирање на поголема група на мерачи на време натпреварувачите се распоредија и се започна со дополнителниот лет од 8 минути. Најнапред старуваа моделите од категорија Ф-1-Ц (качувачи), а потоа и моделите со погон на гума. За Ф-1-Ц исто така додатни летови се одржаа после 18 часот и рано наутро денес
Во најпрестижната категорија Ф-1-Ц, во конкуренција од 34 натпреварувачи, првото место го освои Гoтjе Бриер од Франција, пред Езра Шмеш од Израел, додека третото место му припадна на натпреварувачот Виргиниус Фурманиукас од Литванија. Екипното прво место, во конкуренција од 15 екипи (некои некомплетни) во категоријата модели Ф-1-Ц го освои Украина, пред Израел и Србија.
Старт на модел Ф1Ц
Иако во правилникот на ФАИ постои солуција за одржување натпревар во услови на екстремно високи или ниски температуре, како и на силен дожд и други вонреди услови, кога се дозволува кратење на натпреварот на 5 турнуси, сепак организаторот, во консултација со водачите на екипи и натпреварувачите, дозволи да се оди на 7 турнуси, а дополнителните летови се одржуваат после 18 часот. Сите натпреварувачи, но и сите присутни лица кои не беа натпреварувачи, беа максимално ангажирани за успешно изведување на натпреварот, од почеток до крај.
Би напоменал дека оваа година организаторот обезбеди млади мерачи на време од прилепската играорна група и спортската атлетска екипа, па на тој начин се подобри квалитетот на мерењето на време, особено што сите мерачи имавме помагала, дурбини со статив и квалитетни штоперици. Обидот на еден натпреварувач и раководството на неговата земја да го оспорат моето мерење на време со мојот млад колега во дополнителниот лет во категорија Ф-1-Б се претвори во наш триумф. Прегледот на ГПС инструментот пред жири комисијата, раководителот на натпреварот и натпреварувачите докажа дека сепак одговорно и квалитетно сме ја извршиле задача. Разликата од нашето мерење со ГПС (Fleit рекордерот) покажа толеранција од ±1 секунда што е незначајно и не влијае на резултатот.
Организаторот, поради жешките температури, постојано интервенираше со освежителни пијалоци, вода, кафе и секако заштитни чадори. Но и покрај ова екипата на брзата помош имаше една интервенција која со успех ја извршија. Во текот на натпреварот во најпрестижната категорија Ф-1-Ц единствената жена учесник не го издржа високиот напор во пребарување на модел и активно учество, и имаше помал здравствен проблем, што за среќа мошне бргу беше надминат.
Признанија и пехари ги очекуваат добитниците – победници во секоја од категориите
За кратко ќе се осврнам на воздухопловните модели, нивната конструкција и електрониката. Моделите беа претежно изработени од поедници специјалисти градители со карбон/кевлар, од кои најголемиот дел се веќе пилоти на воздухопловни модели. Сепак, искуството на натпреварувачите во соработка со сопствените тимови се решавачки фактор. Во вакви екстреми временски услови знаеше да откаже електрониката, а стручните тимови кои ја следеа екипата со успех се справуваа со овие проблеми.
Сè е добро кога добро ќе се заврши – со супер квалитетни резултати, одлично мерење на време, што е показател за кавлитетот. Со мали измени и дополненија оваа екипа на организатори ќе направат да дојдат масовно и најдобрите моделари од светот. На екипата од Македонија останува да е поподготвена, да нема високи осцилации на пласмани и обавезно стручен тим како и екипа за пребарување на модели.