Рубрика: Електроника
Симулација на електронски кола со LTspice (3): Симулацијата како парадигма
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходните продолженија во груби црти ги дефиниравме можностите на LTspice и ја научивме основната синтакса за цртање на електрични шеми со него. Во ова продолжение ќе направиме увид на можностите на неговиот модул за симулација преку дефинирање на основниот шаблон за негова употреба.

Како прво, збор – два за тоа што е тоа софтвер за симулација. Ова секогаш го истакнувам во првите редови бидејќи сум убеден дека дел од читателите имаат погрешна претстава за тоа, што се подразбира под овој поим.
Симулацијата е процес на создавање на модел на некоја реална физичка појава опишувајќи ја истата со одреден број математички равенки, сè со цел да се окарактеризира нејзиното однесување при одредени реални услови без да се спроведат физички испитувања.
Во последно време, програмите за симулација редовно се користат за проектирање на широк дијапзаон индустриски производи, без претходно да се извршат темелни реални физички испитувања. И тука со тоа се заштедува време, средства и пари. Во електрониката, симулацијата може да се спроведе со голем степен на точност бидејќи електронските компоненти можеме да ги окарактеризираме со соодветен број прецизно одредени параметри. Сепак, и тука, иако бројот на компоненти и нивните параметри е релативно мал во однос на други процеси, симулацијата знае да одземе значително процесорско време! Па затоа таа зема замав и масовна примена од пред само неколку години со појавата на моќни и евтини персонални сметачи.

Клучни зборови:

Зумирање и прибирање податоци од графикот

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.