Рубрика: Телекомуникации
ТВ и УКБ антени (4)
Автор: Игор Мазгански
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3-4/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Приемните телевизиски и УКБ антени претставуваат важна компонента за квалитетен прием на телевизиските и радиопрограми. Во некои случаи и на места кои се многу блиску до предавателот, може да се укаже потреба од користење на антена со цел да се избегнат пречките, или пак да се постигне добар прием во пределите кои се во сенка на предавателот. За телевизиското и УКБ подрачје постојат голем број антени, од кои секоја има свои специфични карактеристики.

Покрај саканите карактеристики кои го подобруваат квалитетот на приемот, постојат и такви кои не се пожелни. Поради тоа, само со познавање на сите карактеристики на една антена, може да се дојде до заклучок дали таа антена одговара за даден случај, или пак е потребна друга. За таа цел во овој број ги споредивме Логаритамските антени и Хеликоидните антени.

Логаритамските антени, во последно време, станаа многу распространети антени во телевизиската приемна техника. Причина за ова е широкиот фреквентен опсег, кој практично не е ограничен, поради што овие антени се познати и како фреквентно независни антени. Ова овозможува со една антена да се покрие целото VHF и UHF подрачје.

Добрите особини, пак, на хеликоидните антени, како што се големото засилување во релативно широк фреквентен опсег и погодната несиметрична импеданса, овозможуваат нивна успешна примена и во телевизиската приемна техника. Поради димензиите но и поради некои пропратни ефекти хеликоидните антени се користат само за UHF подрачјето.

Досега ги опфативме сите поважни типови на ТВ и УКБ антени кои денес се користат. Се надевам дека оваа серија на написи ќе ви помогнат при изборот (купување и самоградба) на вашиот антенски систем.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3-4/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.