Емитер 2/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Илјадници нови производи годишно, дел од нив ќе го најдат своето место на пазарот, а само мал број ќе ја победат трката со времето. Што е тоа што еден дизајн го прави безвременски? Рецепт по кој би се воделе не постои, а одговорот се наоѓа во времето. Сепак, ќе се обидам да фрлам малку светло на оваа тема со неколку карактеристични примери по мој избор, со кои, пред сè со фактографија, ќе се обидам да ја разбранувам вашата фантазија барајќи го клучот на успехот на конкретниот дизајн. Дали успехот е во заживувањето на митот, или на магијата? Или можеби во сплет на околности и среќа? Или....?
Иако живееме во време на постојано менување на трендовите, некои дизајнерски решенија на производи со својата функционалност и естетика едноставно му пркосат на времето и не губат од својата популарност и покрај многуте години, децении, па и векови на постоење. Можеме да ги наречеме класични, ретро или пак безвременски, но тие се толку значајни што со сигурност го заслужуваат епитетот "икони" во дизајнот. Тоа се дизајни кои се белег на едно време, а тоа време продолжува да трае и трае, сè до денес, а со сигурност и во иднина. Стандардите кои своевремено успеале да ги постават во својата област продолжиле да бидат следени од останатите дизајнери и да претставуваат репер за слични производи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.