Рубрика: Индустриски дизајн
Објавени добитниците на А' Design наградaта за 2014-та
Автор: С. Ј.
Објавено на 07.05.2014 - 16:34

A’ Design Award & Competition (designaward.com), светски најголемата и меѓународно најраспространетата награда за дизајн, ги објави резултатите за натпреварувањето во дизајн за 2013-2014 година: вкупно 758 добитници од 77 земји во 74 различни дисциплини за дизајн. Пријавите беа внимателно оценувани од страна на меѓународната жири-комисија составена од влијателни научници, истакнати членови на печатот, професионалци за креативен дизајн и искусни претприемачи кои посветија огромно внимание на деталите за време на гласањето на секоја пријава.
A’ Design наградата се доделува за Добар Просторен Дизајн (Архитектура, Дизајн на Ентериери, Урбан Дизајн и Пејзажен Дизајн), Добар Индустриски Дизајн (Дизајн на Производи, Дизајн на Апарати, Дизајн на Возило, и Дизајн на Машини), Добар Комуникациски Дизајн (Графички Дизајн, Интерактивен Дизајн и Маркетинг Дизајн), Добар Моден Дизајн (Дизајн на Облека, Дизајн на Модни Додатоци и Дизајн на Обувки) , Добар Системски Дизајн (Дизајн на Услуга, Дизајн на Сстратегија, Квалитет и Иновации ), како и за Постигнувања во уметноста и литературата.
Резултатите од А’ Design натпреварувањето се објавуваат секоја година на 15-ти април. Притоа најдобрите производи, проекти и услуги од целиот свет, кои се истакнуваат со супериорен дизајн, технологија и креативност се наградени со A’ Design Награда, која претставува симбол за совршенство во дизајнирањето и иновациите. A’ Design наградата има пет различни нивоа: платинеста, златна, сребрена, бронзена и железна, кои се доделуваат секоја година во сите дизајн дисциплини. Дизајнерите, компаниите и институциите од сите земји се повикуваат секоја година да учествуваат на натпреварот преку номинирање на своите најдобри дела, проекти и производи кои понатаму се оценувани за добивање на награда.
Лауреатите се поканети да присуствуваат на гламурозната гала-вечера и церемонијата на доделување на наградите во Италија каде ќе бидат повикани на сцената да ги подигнат своите трофеи, сертификати за награда и алманах. На победниците им се дава ексклузивен простор да учествуваат на изложбата за "најдобрите дизајни на годината" каде ги прикажуваат своите дела во Италија. Лауреатите исто така добиваат и "A’ Design Prize".
Дизајн ентузијастите, вљубениците и уредниците ширум светот се срдечно поканети да добијат нова дизајн инспирација и да ги откријат најновите трендови во уметноста , архитектурата и технологија преку посета на онлајн галеријата на добитници на A’ Design Awards’ на designmag.org каде се прикажани сите врвни дизајни од Меѓународното A’ Design Натпреварување за дизајн за 2013-2014, како и наградени дела од претходните години. Уредниците и љубителите на дизајнот, може да да ги погледнат и интервјуата со наградените дизајнери на design-interviews.com
A’ Design Prize е исклучително посакуван и сеопфатен комплет кој им се дава на добитниците на A’ Design Award & Competition за да им помогне да ги шират своите новости на поширока меѓународна публика. Како прилог кон трофејот, сертификатот и алманахот, A’ Design Prize вклучува и услуги за односи со јавноста и маркетинг услуги, како и превод на награденото дело на десетици јазици, подготовка и дистрибуција на извештаи за печат, доживотна лиценца за користење на логото "добитник на награда", Кампања за односи со јавноста за добитниците и ивестување за наградените дела во илјадници медиуми.
Бидејќи едицијата за 2013-2014 заврши се примаат пријави за натпреварот за 2014-2015; заинтересираните дизајнери, уметници, архитекти и компании би можеле да се регистрираат и да ги достават своите дела на adesignaward.com каде што можат да се добијат понатамошни информации во врска со натпреварот за дизајн како критериуми за оценување, клучни датуми, листа на членови на жири комисијата, формулари за пријава и презентација.

Клучни зборови: