Рубрика: Аудио и видеотехника
Позиционирање на мониторски звучници во студиото М1 на Македонското радио
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Професионалните студија, како што е М1 студиото на Македонското радио, се направени за да ги задоволат најстрогите стандарди - имаат добри пропорции на просторијата и совршена акустичка обработка. Но, тоа не е доволно - треба да се најде најдобрата позиција на професионалните мониторски звучници. Тоа се прави исклучиво со мерења.

Акустичката обработка на просторијата е неопходен чекор во градбата на професионалните студија, но тоа не е гаранција дека на местото на слушање (пред микс-конзолата) ќе се добие рамна амплитудно-фреквенциска карактеристика од мониторскиот звучник. Добрите пропорции на студиото и неговата акустичка обработка гарантираат само правилна дисперзија на стојните бранови во просторијата и правилна реверберација, ништо друго! Неправилно поставениот звучник ќе дава обоен звук и во најдобро направеното студио на светот.
Студиото М1 беше обновено со нова голема микс-конзола и со нови активни мониторски звучници ATC SCM100ASL (врвни британски звучници, со висока цена и уште повисок квалитет). Звучниците тукушто пристигнаа, а инженерот на тон Ѓорѓи Христовски брзаше да го направи миксот за песната со која Калиопи ќе настапи на претстојниот Евросонг. На негово лично барање дојдов опремен со моето CLIO за да ја најдеме најдобрата позиција на звучниците. Евентуалниот проблем во вакви случаи со големи студија лежи во фактот што огромните микс-конзоли се фиксирани за подот, па, според тоа, местото на слушање не може да се поместува. Останува само да се најде најдобрата позиција на звучниците.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.