Емитер 2/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Благодарејќи на анализата на сеизмичките податоци од сеизмографите поставени на Месечината при мисиите Аполо, научниците конечно ја откриле нејзината внатрешна структура. Нивните наоди ја потврдуваат поранешната претпоставка за блиска поврзаност на Месечината со Земјата.
Досега научниците се конфронтирале околу тоа дали јадрото на Месечината е во цврста или во течна состојба, како и за неговата големина. Единственото нешто за коешто кај научниците постоеше општа согласност во врска со јадрото е дека тоа не е лоцирано во средиштето на Месечината, туку е поместено кон страната до Земјата под дејство на нејзината гравитација.
Меѓутоа, во најново време, по повеќе од 40 год. откако човекот зачекорил на тлото на Месечината, една француско-американска екипа истражувачи за првпат ја дедуктирала внатрешната структура на Месечината, откривајќи ги точните димензии и составот на нејзиното јадро. Резултатите се должат на податоците за сеизмички треперења на Месечината, регистрирани од страна на 4 сеизмографи, поставени на различни места на нејзината површина во време на мисиите Аполо од 1969 до 1977 год..
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.