Емитер 1/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Трагајќи по услови за живот надвор од Земјата, размислувањата на астробиолозите денес одат многу пошироко отколку порано. Имено,тие повеќе не се ограничуваат на поединечни места во нашата најблиска околина, туку сä почесто зборуваат со термините "животни зони" ширум галаксијата, универзумот, па дури и во хипотетичниот мултиуниверзум.
Првото трагање по биолошка активност надвор од Земјата го реализира лендерот Викинг, кој во 1976 год. се спуштил на Марс и извршил хемиска анализа во својата вградена лабораторија на Марсовото тло. Тогаш се покажа дека Марс е гол пустински свет, но тоа не беше крај на истражувањата. Чекор напред е направен со најновите сознанија дека Сатурновата месечина Енцеладус содржи огромен резервоар топла вода под нејзината површина. Тоа го откри сондата Касини, која утврди постоење на гејзери, кои "дуваат" водена пареа. Со тоа Енцеладус се приклучи кон Јупитеровата месечина Европа, зголемувајќи ја листата на локации во Сончевиот систем, кои имаат складишта со течна вода, па според тоа, во принцип имаат и услови за поддржување живот. Но, тоа беа почетоци, денес астробиолозите гледаат многу пошироко на условите за живот надвор од Земјата, имено сега тие не се ограничуваат на единечни локации, туку зборуваат за "животни зони", т.е. милијарди места во галаксијата, универзумот, па дури и во хипотетичниот мултиуниверзум!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.