Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Множење во дигиталната електроника
Автори: Наташа Божиновска, Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Множењето со бинарните броеви е потешко од собирањето. Основната задача е да се добијат парцијалните производи, коишто по соодветно поместување треба да се соберат. Множењето се разликува во зависност од тоа дали се множат броеви без знак, броеви со знак или броеви со точка. За реализација на множењето се применува логички склоп наречен "собирач со паметење на преносот" (CSA).

Множењето на два бинарни броја се изведува на начинот како што тоа се прави во децималниот систем. Прво се множи множеникот со крајната цифра на множителот и се добива првиот парцијален производ. Потоа се множи следната цифра на множителот, лево од претходната, со множеникот, и се добива вториот парцијален производ којшто се поместува на лево за едно место, и така се до последната цифра на множителот, односно до последниот парцијален производ. Потоа следува собирање на парцијалните производи и така се добива крајниот резултат на множењето.
Во децималниот систем, потешкиот дел на множењето е добивање на парцијалните производи. Во бинарниот систем, множеникот, кој е претставен со поголем број цифри, се множи со 0 или со 1 од множителот и таков парцијален производ може да биде 0 или самиот множеник, што е многу поедноставно отколку во децималниот систем.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.