Рубрика: Физика
Неутрина побрзи од светлината?
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали Ајнштајновата теорија на релативност е неточна? На прес-конференцијата во ЦЕРН одржана на 23 септември е објавено можното постоење на субатомски честички – неутрина побрзи од светлината! Веста е дочекана со неверба и со скепса, како во научните кругови така и во пошироката јавност.

Еден од најновите проекти за проучување на неутрината е експериментот ОПЕРА (Oscillation Project with Emulsion-tRacking Apparatus, Проект за следење на осцилациите на неутрината со помош на фотографска емулзија). Тој треба да го проучува осцилирањето на неутрината, а работи од 2008 година. Во овој експеримент, сноп од мионски неутрина добиен во ЦЕРН во Женева, Швајцарија, требало да патува 733 km за време од околу 2,4 милисекунди под земја до Националната лабораторија Гранд Сасо во Италија каде што неутрината ќе бидат детектирани на детектор составен од "цигли" прекриени со фотографска емулзија и обложени со олово за да се избегне влијанието на други субатомски честички. Детекторот има вкупно 150 000 "цигли" и маса од 1300 тони. По три години работа и детекција на 15 000 неутрина се утврдило дека тие стигнуваат за околу 60 наносекунди побрзо отколку кога би патувале со брзина на светлината. Грешката на мерењето била 10 наносекунди. Овој резултат беше објавен на прес-конференцијата на 23 септември. Ова било толку шокантно откритие, така што и раководителот на проектот, доктор Антонио Ердитато, на прес-конференцијата изјавил: "Ние упорно пробавме да најдеме какви било грешки - тривијални грешки, покомплексни грешки или големи и грди ефекти, но не ги најдовме".

Клучни зборови:

Трагови од неутрони

Шематски приказ на експериментот ОПЕРА.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.