Рубрика: Електроника
Комплетен 500W засилувач за сабвуфер (2)
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатиот број беше презентиран првиот дел од овој проект – активниот филтер со регулација на засилувањето и граничната фреквенција. Во овој втор и завршен дел на ред е излезниот засилувач со голема моќност специјално дизајниран за употреба со сабвуфери. Дизајнот е флексибилен и овозможува реализација на засилувачи со моќност од 50 до 500W во зависност од напонот за напојување, како и од типот и бројот на излезните транзистори.

Како што е познато од теоријата и практиката, човековото уво не е многу критично и чувствително кон хармониските изобличувања во ниските аудиофреквенции, а од друга страна е познато дека најголемата енергија, односно најголемата моќност од засилувачот се троши во репродуцирните тонови со ниски фреквенции. Бидејќи во овој проект се работи за аудиозасилувач за сабвуфер, произлегува дека тој треба да има можност да испорачува голема моќност со не толку високи барања во поглед на THD изобличувањата. Водејќи се од овие првични услови, добиваме насока кој тип на засилувач треба да го употребиме во проектов. Познавајќи ги видовите на аудиозасилувачи од теоријата, дојдов до сознание дека како најоптимално решение за овој проект би бил аудиозасилувач со голема излезна моќност кој работи во класа Б. Кај овој тип на аудиозасилувачи имаме најголеми излезни изобличувања во однос на другите, но затоа степенот на искористување (на полезно дејство) кај нив е над 70%!
Значи, од сево ова можеме да заклучиме дека треба да најдеме едноставна електрична шема која ќе може да се реализира со минимален број на компоненти, но во никој случај да не ги запостави претходно наведените барања. Во потрагата наидов на голем број на шеми за ваков тип на засилувачи, но од сите тие јас, како најприфатлива и најоптмална за овој проект, избрав една основна шема за излезен засилувач со квазикомплементарен излез. Во неа направивме неколку мали модификации. Како што можете да видите се работи за едноставна шема која нуди добри можности – се разбира за изработка на моќен аудиозасилувач за сабвуфер

Технички карактеристики:

Види табела на технички карактеристики

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1129
Печатена плочка: ППК1130

Транзистори: MPSA42, MJE350, MJE340, MJE15032, MJE15033; Излезни транзистори: (во зависност од Pout): MJ15003 или 2N3773 или 2SC5200

Клучни зборови:

Изработениот прототип на верзијата од 50W со два излезни транзистори 2N3773

Изработен модул за 4 излезни транзистори

Изработен модул за 4 излезни транзистори

Технички карактеристики на двете најсилни изведби

Амплитудно-фреквенциска карактеристика - горната гранична фреквенција при -1dB изнесува 20kHz

Зависност на вкупните изобличувања (THD) од излезниот напон при синусен влезен сигнал од 1kHz

Спектар на изобличувањата при излезна моќност од 1W на 4 оми: THD=0,13%

Спектар на изобличувањата при излезна моќност од 1W на 8 оми: THD=0,075%

Спектар на изобличувањата при излезна моќност од 32W на 4 оми: THD=0,23%

Спектар на изобличувањата при излезна моќност од 32W на 8 оми: THD=0,086%


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.