Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Повторно застапник за Pioneer во Македонија;
Дигитален микроскоп Celestron;
Ѕвездите се "раѓаат" во групи;
Зошто телесната температура ни е 37°C?;
Суперкомпирот може да го спаси светот од глад;
Вест за една лажна вест;
Интел капитал создаде ултрабук фонд од 300 милиони американски долари;
Нова генерација на побезбедни нуклеарни реактори;
ХП ги претстави новите All-In-One компјутери за мали претпријатија;
Тест на крвта ја открива должината на животот;
Дијамантски чипови;
Ветровите на Марс ја обликуваат неговата површина;
Ултратенок и ултрабрз рачен микроскоп - скенер;
Процесирање на информациите во мозокот;
Супериздржлив оптички диск;
Океанската кал изобилува со живот;
HP Compaq 8200 Elite All-In-One нов десктоп компјутер од Hp

Вест за една лажна вест
На прв поглед изгледа чудно да се пишува вест за настанување на друга вест, но работата станува појасна кога ќе се види на што се однесува "оригиналната" вест. Таа е објавена во американското списание и интернет-страницата Weekly World News која е специјализирана за објавување на вести за НЛО, вонземјани, различни теории на заговор и пикантни детали од животите на славни личности. На прв поглед вестите во ова списание изгледаат како да се вистински, но тие секогаш содржат некој "штос" кој покажува дека веста е лажна, а намерата на објавување на вакви вести е исмевање на оние кои веруваат во нив. Накусо во "веста" се вели дека стручњаците од СЕТИ (Search For Extraterestrial Inteligence) институтот со помош на системот HAARP лоциран во Алјаска откриле три објекти во близината на Јупитер од кој најголемиот е долг околу 320 km. За објектите се верува дека се космички бродови од планетата Зиба (Zeeba) и дека ќе извршат инвазија на Земјата наесен оваа година. Целиот текст може да се најде онлајн на адресата:
http://weeklyworldnews.com/headlines/26535/alien-spaceships-to-attack-ea....
"Поелаборирана" верзија може да се најде во онлајн изданието на канадскиот весник Exhaminer:
http://www.examiner.com/ufo-in-canada/3-very-large-objects-space-flying-... во која соопштението го дава членот на СЕТИ Крејг Казанов.
Е, сега, каде се "штосовите"? СЕТИ е вистинска програма на Универзитетот во Беркли која трага по вонземни радиосигнали користејќи ги податоците добиени од радиотелескопот Аресибо кои потоа се дистрибуираат и обработуваат на компјутерите на сите оние кои ќе го преземат соодветниот софтвер на оваа адреса: http://setiathome.berkeley.edu/, а HAARP е постројка водена од американското Морнаричко воздухопловство, Универзитетот на Алјаска и Агенцијата за напредни одбранбени проекти (DARPA) која служи за испитување на јоносферата и не е поврзана со СЕТИ. Наводно инклинација на космичките бродови е минус 90 степени, што значи дека тие се видливи од околината на Јужниот Пол, а HAARP е сместен блиску до Северниот Пол и дури и да е способен да детектира вонземни космички бродови во близина на Јупитер, тоа сигурно не може да направи низ масата на Земјата (прв штос). А името на членот на СЕТИ на страницата на Exhaminer е спелувано како Kasnof кој, како што е наведено на страницата, не е исто лице со членот на СЕТИ Kasnoff (втор штос, Kasnof е фиктивна личност, а Kasnoff е член на СЕТИ тимот). Сепак многумина низ светот оваа вест ја прифатиле како вистинска, па на крајот од проектот СЕТИ морале да објават демант:
http://www.seti.org/page.aspx?pid=1539.
Меѓу другите медиуми и повеќе македонски ја објавија оваа вест; некои како "новинарска патка", во рубрика од типот занимливости, а некои, за жал во научни рубрики, па дури и во рубрики настани од светот. Ако сакате да дознаете кој е кој, внесете го поимот Zeeba во полето за пребарување на македонскиот портал TIME.mk: http://www.time.mk/topic/vesti.
Александар Тошоски

Тест на крвта ја открива должината на животот
Шпанските научници осмислиле тест на крвта со кој може да се открие колку долго некое лице ќе живее. Тестот се базира врз утврдување на брзината на стареење преку должината на теломерите, а во продажба ќе се најде кон крајот на годинава.
Тестот, кој чини 500 евра, точно може да ја измери должината на теломерите кои се поврзани со долговечноста. Теломерите се делови од ДНК кои се наоѓаат на краевите на хромозомите (слично како краевите од врвките на вашите патики кои не дозволуваат врвките да се расплетат) и служат како своевидна заштита од оштетување и од губење на функцијата на клетките, што пак тесно е поврзано со стареењето. Научниците веруваат дека пократките теломери се индикатори за побрзо стареење, односно за покус животен век.
Шпанската компанија Life Lenght го развила овој нов комерцијален "тест на должина на животот" за кој тврди дека ќе открие колку долго луѓето ќе живеат, прашање чиј одговор секој сака да го знае, макар и од гледачка или од должината на "линијата на животот" на својата дланка.
– Кога ќе дознаеме дали нашите теломери се пократки или подолги добиваме информација за нашето здравје и физиолошко стареење дури и пред да се разболиме од некоја болест. Новиот тест е особено прецизен. Може да ги открие и најмалите разлики во должината на теломерите. Многу е едноставен и брз. Истовремено можат да се анализираат голем број примероци, – вели Марија Бласко од Шпанскиот национален истражувачки центар за рак со седиште во Мадрид. Нејзината приватна компанија е во преговори со произведувачот на овој тест затоа што постои голем интерес овој тест да се произведува во Европа и САД. Се претпоставува дека голем број луѓе ќе сакаат да дознаат до кога ќе живеат, дури и оние кои се здрави, а особено оние кои се болни од некоја тешка неизлечлива болест.
Експертите велат дека тестот, покрај тоа што ќе одреди колку некој ќе живее, ќе им помогне на луѓето да развијат здрави животни навики и да го намалат стресот.
К.С. Андонова

Дијамантски чипови
Досега кога ќе се спомнеа дијамантите кај секој се јавуваше асоцијација за накит и богатство, а тоа беше така затоа што тие скапоцени кристали се вградуваа во накит, но и во некои алати за сечење на стакло и други цврсти материјали. Но, сè се менува, па и употребата на дијамантите! Група на научници создала чипови кои се изработуваат од дијамант. И сега можеби наместо прстен со дијамант ќе се подарува компјутер со дијамант.
Научниците од Универзитетот Вандербилт валат дека дијамантите имаат такви особини кои чиповите ги прават многу поефикасни и поотпорни отколку да бидат направени од силициум или од некој друг материјал. Тие тврдат дека дијамантските чипови можат да работат со поголеми брзини и со помала потрошувачка на енергија. Исто така велат дека дијамантските чипови се отпорни на зрачења и на висока температура.
Притоа научниците-изумители на овие чипови мислат дека производството на таквите микрочипови не би било скапо. Имено, постои можност тие да се произведат со посебна технологија во која чипот само ќе биде премачкан со нанодијамантски премаз кој ќе користи многу мала количина од овој скап материјал. Научниците сметаат дека само од еден карат дијамант би можеле да произведат милијарди чипови!
Убави се, ама за жал изгледа дека дијамантските чипови сепак нема олку брзо да се најдат во компјутерите и во некои други информатички уреди... Можноста за примена на дијамантските чипови засега е ограничена само на електроника за воени потреби, како и за уреди сместени во вселенските летала и станици каде што чиповите се изложени на екстремни услови бидејќи чиповите врз база на дијаманти можат да работат на температура до +500 Целзиусови степени и на ниски температури од -150 Целзиусови степени.
Заради неверојатно силната отпорност на зрачење и топлина, дијамантските чипови можат да се користат и во некои важни, но опасни простории, како што се на пример нуклеарните реактори.
К. С. Андонова

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.