Рубрика: Електроника
Проект: Излезен засилувач за вокмен
Автор: Сашо Митевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во еден од претходните броеви на списанието ЕМИТЕР беше даден опис на линеарното интегрирано коло TDA 2005. Во овој број ќе ви прикажеме проект на НФ стерео засилувач, изведен со ова интегрирано коло. Како влезен сигнал, со којшто ќе работи овој засилувач, може да се употреби излезниот сигнал од вокмен, дек, тјунер или било кој друг извор на аудио сигнал со ниво на излезниот сигнал доволно за побуда на засилувачот. Заради можностите што ни ги нуди овој излезен засилувач (мал број на составни елементи, висока верност, издржливост при работа што е резултат на вградена заштита од AC краток спој на излезот со маса, од влезни сигнали со несоодветно големи вредности и инверзија на поларитетот) се решивме за негова практична реализација. Овој засилувач не бара никакви подесувања ниту пак се потребни посебни познавања од областа на аудио техниката од страна на конструкторот. Поради тоа овој проект го препорачуваме на помладите конструктори кои немаат доволно искуство за градба на НФ излезни засилувачи.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.