Ова е еден едноставен, преносен претворувач, кој служи за претворање на еднонасочниот напон од 12V во наизменичен напон од 220V. Овој претворувач овозможува напојување на помали потрошувачи, кои работат на наизменичен напон од 220V преку акумулаторска батерија. Тој, на пример, може да се употреби за напојување на сијалици, лемила, мали електрични алатки и слично.