Емитер 9/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Уважувајќи го фактот дека компакт дискот и CD плеерот по искористеност, денеска се најчести извори на квалитетен звук, сепак треба да се нагласи дека добро подесената грамофонска комбинација сонично е сеуште извор на звук број еден. Грамофонот ја изгуби својата трка за превласт над CD плеерот поради малиот комфор што го нуди и високата цена на висококвалитетните уреди. Значи не се работи за звучен триумф на дигиталната над аналогната технологија, туку за апсолутните предности што евтините CD плеери ги имаат над евтините аналогни грамофони. Сепак аналогните грамофони не смееме да ги отпишеме, ако не за друго барем заради големото музичко богатство што е запишано на LP плочите и чиј огромен дел никогаш нема да биде префрлен на компакт диск. Од овие причини ќе ги разгледаме основните конструкциски разлики кај поедини грамофонски комбинации.
Постојат различни сфаќања за хиерархијата на компонентите во аудио составот. Сепак најчесто и најраширено мислење е дека пресудна улога каков звук ќе оствари некој аудио состав има изворот на звук. Современата технологија на снимање и изработка на LP и SP плочи, денес е на толку високо рамниште така што единствено што може да се случи е да направи просечен производ. Бројот на изразито лоши е занемарливо мал. Меѓутоа технологијата за изработка на уреди за нивна репродукција, иако не заостанува зад технологијата за снимање и изработка на носачите на звук, многу често знае да исфрли производи, кои само со изразена благонаклоност можат да се обдарат со епитетот просечни. Поради ова на изборот и подесувањето на изворот на звук треба да се посвети големо внимание.
Грамофонот мора да задоволува неколку наизглед едноставни услови: мора да ја врти грамофонската плоча со константна и точно одредена брзина (33,3 зав/мин односно 45 зав/мин), рачката мора цврсто и прецизно да ја држи иглата на звучницата во точно пропишана положба према браздата на плочата и, на крај, базата и рачката мора да го штитат врвот на иглата од несакани механички вибрации. Иако сите овие задачи изгледаат едноставно решливи, сепак се покажале како необично сложени кои во целост ги исполнуваат само неколку врвни грамофонски интеграции.
Сите елементи во грамофонската интеграција треба да се во идеална хармонија. Како што се вели, ланецот е цврст колку што е цврста најслабата алка. Така неподесеноста на еден елемент значи простување од посакуваниот квалитет. Поради ова грамофонот бара многу умилкување, подесување и предигра за да пружи максимално уживање.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.