Емитер 7-8/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во текот на развојот на воздухопловството биле откриени, искористени и афирмирани три принципи за создавање и одржување на поткревачката сила која овозможувала летање. Тоа се: аеростатичката сила (балони, дирижабли), аеродинамичката сила или узгон (авиони, хеликоптери) и реактивната пропулзија (ракети, ракетоплани, вселенски бродови). За разлика од нив, возилата врз воздушна перница го користат и реафирмираат четвртиот принцип за создавање поткревачка сила со помош на вишок на статички притисок помеѓу дното на возилото и површината на подлогата. Тоа е таканаречениот ефект на близина на земјата (ground effect) и тој суштински се разликува од другите три.
Овој принцип е познат и се забележува и кај авионите при нивното краткотрајно летање во близина на земјата, т.е. при полетувањето, слетувањето или бришечкиот лет, но таму тој има маргинално значење. Применет и искористен кај возилата што лебдат (или летаат) над површината на земјата, тој ги дефинира основните предности на овие возила: отсуство на механички контакт со подлогата, голема брзина и проодност на каков било терен.
Иако лебди над подлогата со помош на воздух, мислењата на стручњаците се поделени: дали ховеркрафтот треба да се смета за воздухоплов.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.