Рубрика: Аеронаутика
Антонов АН-2 Колт
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-10/2016.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од идејата на О.К. Антонов во октомври 1940 година до конечната реализација изминале 7 години. Таа била реализирана на 31. август 1947 година кога се остварил првиот лет на пробниот пилот П.Н. Володин. Па некако од тој датум започнува победоносниот лет на овој грд двокрилец (Кукурузник – Пченкарник), кој се закити со слава на најпроизведуван авион со вкупно 18 000 авиони и користен за најразлични намени, вклучувајќи и воени дејствија.

Првата идеја за градба на Ан-2, лесен повеќенаменски двокрилец, ја предложил О.К. Антонов, уште во октомври 1940 г. Идејата била авионот да има можности за полетување и слетување на секоја неподготвена ливада или кратка полетно-слетна писта, да има носивост од 1000 до 1500 кг, лесно одржување, примена за воен и цивилен транспорт, земјоделие, патнички сообраќај.

Клучни зборови:

Хидро верзија на АН-2

Кутија од кит-комплет за изработка на макета на АН-2

Со помош на авионот АН-2 во сопственост на АК Скопје изведени се огромен број на падобрански скокови

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.