Рубрика: Астрономија и астронаутика
Програма за посета на астероид од страна на човекот
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


"Геокрстосувачките" астероиди се идеална "отскочна штица" за подоцнежен досег на човекот до подалечни дестинации во Сончевиот систем, на пр. до планетата Марс. Според една програма на НАСА човекот ќе зачекори на астероид во 2025 година.

Сега, кога Месечината е посетена од страна на човекот, логично е да се размислува за човечка посета на некоја планета од Сончевиот систем. Но, која? Меркур и Венера се многу негостољубиви дестинации, но затоа планетата Марс е згодна за таа цел. Меѓутоа, патот за човечка посета на Марс води преку претходна посета на некој од "геокрстосувачките" астероиди.

Да објасниме, "геокрстосувачки" астероиди е групно име за астероиди кои орбитираат помеѓу Земјата и Марс, а не како што обично се подразбира во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер (види текст во рамка). Тие мали каменити небесни тела, кои повремено се приближуваат до нашата планета, се единствени соодветни објекти на кои е реално можно човекот да зачекори на нив во блиска иднина и на тој начин да се здобие со искуство за реализација на посложени мисии во подалечните дестинации во Сончевиот систем. Посетата на астероид од страна на човекот ја најави минатата година во месец април, никој друг, туку лично претседателот на САД, Барак Обама, ветувајќи дека во 2025 година човекот ќе оствари нов "голем чекор за човештвото" така што ќе зачекори на астероид!

Клучни зборови:

Уметничка визија за човекот во посета на астероид

Планирањето на посетата во чекори низ неколку слики

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.