Рубрика: Електроника
Eagle 2.02 - компјутерски софтвер за дизајн на електронски кола
Автор: Благоја Ѓаковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од поодамна, со појава на првите комерцијални сметачи, се јавила потребата за дизајн на електронските кола со помош на сметачите. Иако тогашните сметачи имале далеку послаби перформанси од денешните, се правеле напори за производство на софтвер за дизајн, проектирање и симулација на работата на електронските кола, кој ќе работи со доволно голема брзина на нив. Ова би ја олеснило работата на инженерите во фабриките и би го зголемило произвотството и квалитетот на електронските апарати. Обидите за производство на софтвер кој ќе ја олесни работата во оваа област од техниката речиси биле безуспешни.
Користењето на сметачите во областа на проектирањето, денеска е речиси нормална појава. За проектирање во областа на електрониката се користат голем број програми. За многу мал број на програми од оваа област кај нас одвај може да се набави некаква (се разбира непотполна) документација или пак некоја која што би можела да му помогне на корисникот барем да започне правилно да ја користи програмата, а додека за повеќето програми не постои никаква пропратна документација. Се разбира, пиратските верзии немаат пропратна документација, а набавката на оргиналната верзија е невозможна заради високата цена на чинење. Некои корисници се снаоѓаат на тој начин што се обидуваат да ги исцрпат сите потребни информации од пропратните текстуални фајлови или од HELP-от (доколку постои во програмата), но за тоа е потребно и доволно добро познавање на странски јазик (најчесто англиски или германски). Бидејќи најчесто не исполнуваме ниту еден од погоре наведените услови се препуштаме на експериментирање. Искуствата од тоа покажале дека корисникот привидно напредува се додека некаде не “заглави” мислејќи дека постигнал голем резултат и дека понатаму нема што да учи.
За таа цел во оваа статија ќе се обидам да ви претставам една од програмите за проектирање во електрониката и ќе прикажам краток опис на основните опции. За полесно да ја разберете функцијата на секоја опција, во вториот дел на овој напис ќе дадам и пример за цртање на електрична шема и плочка со печатено коло. Програмата што ќе имате можност да ја запознаете се вика EAGLE и е производ на германската фирма CadSoft Computer. Правењето на нови библиотеки и употребата на авторутерот ќе бидат опишани во некој од следните броеви, а во следниот број ќе дадеме пример како се црта една едноставна електрична шема и плочка со печатено коло.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.