Емитер 3/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
При развој на софтвер за најразлични конструкции со микро контролери се јавува потреба од брза проверка на неговата функционалност во пракса. Идејата е програмата што се развива да се префрли од персонален компјутер во програмската меморија на микроконтролерот а при тоа да се избегне програмирање на епром секојпат кога ќе се тестира програмата. Хардверската конструкција за оваа намена треба да исполни неколку елементарни услови: - Брза и безгрешна комуникација со персоналниот компјутер за да бидеме сигурни дека ако програмата не работи како што сакаме грешката е во самата програма, а не во лошата комуникација. - На плочката да има така конципирана програмска и податочна меморија за да може да се задоволат мемориските потреби и на најсложените програми кои ќе се развиваат на неа. - Сите важни изводи од микроконтролерот да се изведени на лесно пристапни конектори за да може според дадената потреба направениот хардвер лесно да се приклучи на матичната плочка. Ако матичната плочка ги исполнува овие услови таа е незаменлив сојузник во развојот на разни конструкции со микроконтролери.
Доколку се решите за градба на овој развоен систем во наредниот број ќе биде дадена програма кој ќе ја тестира исправноста на целиот систем и ќе сигнализира доколку има грешки во хардверот.
MCS-51
MCU 8051
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.