Рубрика: Електроника
Акумулаторски монитор
Автор: Александар Арсов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Секој автомобил содржи различни видови инструменти кои му даваат на возачот најразлични информации за состојбата на возилото, поточно за неговите поединечни делови. Зависно од производителот има најрзлични инструменти кои, според принципот на работа можат да бидат механички, електромеханички, електрични и електронски. Основните ги има секаде (брзиномерот, нивото на бензинот во резервоарот, нивото на маслото во моторот и неговата температура), а останатите се застапени онолку колку што дизајнерот им придал важност. што се однесува до покажувачот за состојбата на акумулаторот, во главно е сведен на една сигнална сијаличка која покажува дали акумулираната електрична енергија во акумулаторот е на минимум. Срцето на денешните автомобили е токму тој, акумулаторот, елемент кој ги напојува сите уреди во современите возила, од автоматските прозорци, алармните уреди, клима уредите, телефоните до радио-касетофоните со моќни засилувачи и што уште не...Освен сите тие т.н. секундарни уреди, тој треба постојано да биде подготвен да даде доволно снага за да заврти анласерот и да стартува моторот. И не само тоа. Акумулаторот е елемент кој најмалку е отпорен на температурни промени, а од се него се бара да ја дава потребната енергија за да стартува моторот во широк опсег на температури, и во лето и во зима.

Од тука се гледа на што се се подложни акумулаторите во денешните возила, а најчесто возачот нема никаква претстава во која од трите состојби се наоѓа акумулаторот (полнење, празнење, или ниту се полни, ниту се празни), а да не споменеме пак до кој степен е состојбата на полнење, односно празнење на акумулаторот. Освен индикација на испразнет акумулатор ретко кое возило нуди подетални информации за состојбата на акумулаторот. Затоа во овој проект ви нудиме уред кој ја покажува состојбата во која се наоѓа акумулаторот. Индикацијата се врши со тробојна LED која покажува дали акумулаторот се полни или се празни. Освен тоа како додаток уредот има излез за покажувач со стрелка во средината со што освен што се гледа дали се полни (празни) акумулаторот, може да се набљудува и во која количина сето тоа се врши, односно со колкава струја се празни (полни) акумулаторот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.