Рубрика: Електроника
Аквариумски температурен монитор
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Верувам дека некои од читателите на ЕМИТЕР хоби им е чување на тропски рипки во домашен аквариум. Поради тие причини, во овој проект е изработен и детално е опишан температурен монитор за аквариум. Овој монитор можете да го изработите со минимални средства и труд и со мали познавања од областа на електрониката, а со тоа ќе ги заштитите вашите миленичиња од преладување од ниска температура или прегревање од висока температура на водата.

За да го подобрат домашниот амбиент, а и да се добие чувство како да се наоѓате на некои тропски острови во Пацификот во овие зимски тмурни денови, некои наши читатели во својот дом поседуваат аквариум во кој "безгрижно" пливаат убави тропски рипчиња. Погледот насочен кон аквариумот навистина дејствува на нас многу пријатно и смирувачки. За сè да биде во ред, односно за убавите тропски рипчиња безгрижно да си пливаат во аквариумот, а ние со таа слика психички да се одмориме, треба да ги храниме со соодветна храна и тоа е сè. Многу едноставно ќе рече некој, но не е во право, за сè да биде во ред треба во водата да обезбедиме и довод на кислород, а еден од поважните услови е температатурата на водата во аквариумот да е иста или слична со температурата на водите каде што претходно рипчињата живееле, поточно нивните предци. За рипчињата од тропските мориња таа треба да биде околу 25±1ºC, но за некои други (морски или слатководни) рипчиња оптималната температура може да биде од 22 па до 30ºC, но тоа најдобро го знаат самите акваристи. За загревање на водата се користи електричен грејач со одредена моќност која одговара на големината на аквариумот. Грејачот располага со регулирачки термостат со чија помош ја нагодувате температурата на водата. За да дознаете која е нагодената температура на водата во аквариумот, ќе ви биде потребен термометар. Поради тие причини, во овој проект е дизајниран интересен термометар кој преку светење на одредена диода/ди на едноставен визуелен начин ви ја покажува температурата на водата во вашиот аквариум. Како тој изгледа можете да видите на фотографиите од изработениот прототип. Овој термометар ќе ви овозможи да не ги прегреете или да не ги смрзнете вашите миленичиња!

Технички карактеристики:

Мерен опсег: од +15°C до 35°C; Резолуција: 1°C; Напојување: 5-10V

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1007
ИК: LM335, LM3914N;
Тримери: 10k

Изработениот прототип на аквариумскиот температурен монитор

Изработениот прототип на аквариумскиот температурен монитор

Предлог решение за маска за аквариумскиот температурен монитор


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.