Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Hi-Fi информации: Celestion A 2, Bag End infrasub - 18, Quasar LE; 50 години Радио Сојуз на Македонија; Градска смотра на млади техничари и природници; XVI државни натпревари на ЕМАУЦ-ите од Република Македонија; Front suround CD плеер од AIWA; Орце '97; Проба за мултимедија во Минхен
 

50 ГОДИНИ РАДИО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Радиоаматерскиот сојуз на Македонија по повод 50 годишниот јубилеј од своето егзистирање, неодамна ја издаде книгата “50 години Радио Сојуз на Македонија” од авторот Перо Ивановски. Овој труд дава севкупно видување на условите и проблемите со кои се соочувало радио аматерското движење во Македонија од своите почетоци до денес. Авторот на пластичен начин ни го презентира 5 деценискиот развој на радиоаматерската организација во Македонија; класифицирајки ги поединечните поднаслови во три глави: почетоци, развој и достигнувања.

Во главата Почетоци, е претставен историскиот преглед на човечковата потреба од комуникација, од наједноставна говорна комуникација, преку звучна, визуелна, пишана, и појавата на радио телеграфијата и телефонијата. Во овој дел се објаснети и почетоците на радиоаматерското движење во Македонија во периодот за време и по втората светска војна.

Во главата Развој, авторот ги изнесува основните цели и задачи на радио аматерската организација; редоследот на одржување на изборните Конференции и Собранија на РСМ; резултатите од Собирите на радиоаматерите на Македонија со шампионати во дисциплините АРГ, РМЗО, АРК и НЅТ; а на крајот од оваа глава дава преглед на развојот на материјално-техничката опременост на РСМ.

Во главата Достигнувања, се запознаваме со активностите на РСМ во однос на издавачка дејност; придонес на радиоаматерите во хуманитарните активности; соработка со други организации од сроден вид; придонесот во создавањето и развојот на локалните дифузни радиостаници во Македонија; инвентивната примена на иновации во радио-техниката за потреби на одбраната, за на крајот да се заврши со текот на приемот на РСМ за рамноправен член на меѓународната радиоаматерска организација IARU со своето статутарно име: Радио аматерски Сојуз на Македонија.

Во текстот Монографија, авторот ни дава информации за различни активности и ангажирања на членовите на РСМ, кои освен вообичаени радио врски одржувале и специјални видови на аматерски радио-врски: MS радио-врски со посретство на метеоритски слоеви; ЕМЕ радио-врски со посредство на Месечината како пасивен рефлектор; RTTY радио-врски со примена на компјутери како радио-телепринтер; SSTV радио-врски со бавно-анализирачка телевизија; РМЗО радио-мрежа за опасност во случај на елементарни непогоди и.т.н. Освен за овие активности се зборува и за конструкторската дејност во првите денови на создавањето на радиоаматерската организација на Македонија.

Оваа книга, со своите богати содржини и опис на суштината на радио-аматерското движење, дава голем придонес во севкупниот развој на Република Македонија, што радиоаматерската организација ја прави да биде од посебен интерес за државата. Авторот Перо Ивановски ја создаде оваа монографија сублимирајки ги сите активности и потешкотии на кои наидуваше радиоаматерската организација во текот на своето 5-децениско работење, прикажувајки ги објективно и систематично, што всушност претставува историски преглед на развојот на РСМ. Таквата концепција на книгата, во голема мерка овозможува понатамошна едукативна компонента за младите членови.

Валентина Ивановска

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.