Емитер 6/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ховеркрафтот претставува динамичко летало кое лебди и се движи во воздух, но на мала висина, односно во непосредна близина на подлогата (земјата или водата). Контактот со подлогата се воспоставува индиректно со посредство на слабоподвижен воздушен слој под висок притисок - таканаречена "воздушна перница" со што се елиминира потребата од разни тркала, скии, чамци, гасеници и слично, но и драстично се намалуваат отпорите на движењето. Ова овозможува постигнување на досега непознати перформанси во поглед на проодноста и брзината на движење по беспаќа.
Идејата за возило што лебди на слој воздух датира од 19-тиот век, па сепак, за првите успеси требаше да се чека до средината на 20-тиот век. Со својата појава лебдечките возила создале и наметнале две дилеми: од една страна, новите возила со својата брзина и проодност на копното, по водата, по беспаќата и во секакви услови (природни катастрофи, експедиции, спасувања итн.) најавувале вистинска револуција во транспортот, а од друга страна, пак, тие покажале и редица недостатоци во споредба со постоечките транспортни средства како: големи габарити, потреба од големи силини на погонската група, послаба управливост, недозволено големо ниво на бучава, интензивно дигање прав и прскање земја, камчиња, помали предмети итн., што особено било изразено при возење над суво. Наспроти општоважечкото мислење дека имаат голема проодливост, сепак, релативно рамна земјена, бетонска или водена површина е добредојдена. Така, на пример, повеќето ховеркрафти не можат да се справат со бранови повисоки од 1 до 1,7 m.
Наброените недостатоци предизвикале и избрзан заклучок дека овие возила немаат перспектива за копнен транспорт и се применливи само на вода каде што сите наброени недостатоци имаат помало значење.
По половина век усовршувања и експерименти е дојдено до сознание дека вистината е, сепак, некаде во средина. Современите лебдечки возила, според нивните основни параметри, заземаат место помеѓу авионот и хеликоптерот од една страна, и автомобилите, железницата и бродовите од друга страна. Практиката несомнено докажала дека областа на нивната примена е точно дефинирана, а нивните особини им овозможуваат не само опстанок туку и сериозна конкурентност во постоечкото транспортно опкружување.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.