Емитер 6/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
VR-5 на Roland Systems Group е потполно интегриран уред од аудиомиксер и видеосвичер, со вграден плеер/рикордер за продукција во живо, за снимање и можност за Web streaming. Web streaming е овозможен со конектирање преку компјутер на некој интернет-сервис како што се на пример Skype и iChat. Перформансите вклучуваат 4-канален видеосвичер, два моно и 5 стереоаудиоканали, вграден конвертор за PC влез, вградени два LCD монитора со контрола на допир, три видео нивоа и плеер/рикордер.
Многупати голем број корисници имаат потреба да снимаат или да извршат некоја аудио/видеопрезентација или пренос од некој настан. За да го реализираат тоа, вообичено им е потребно користење на повеќе уреди. Повеќе уреди значи повеќе пари за да се набават тие, поголемо возило ако случувањето е надвор, поголем простор ако е во режиска просторија. Но, користење на повеќе уреди во исто време значи и ангажман на повеќе оператори. Економично и добро решение за сето ова е уредот VR-5 на Roland Systems Group.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.