Емитер 7-8/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Со овој број на ЕМИТЕР прославуваме еден мал јубилеј - 20 објавени броеви и две години постоење. Пред две години кога започнавме многумина не веруваа дека ЕМИТЕР ќе опстане толку долго. Да бидеме искрени, не верувавме ни ние, меѓутоа се надевавме и работевме на тоа ЕМИТЕР да не биде едно од многуте македонски списанија со краток век, туку редовно да излегува и неговиот квалитет да биде што подобар. Иако планиравме многу повеќе, од досега направеното главно сме задоволни.
Во текот на овие две години објавивме 20 броеви со вкупно 800 страници, односно околу 650 активни страници исполнети со проекти, апликации, теорија, информации, прикази и тестови од разни области на електрониката. Доколку овие 650 страници се објават во книга би се добила книга со околу 1500 до 2000 страници. Навистина импресивна бројка, особено доколку се земе во предвид дека пред ЕМИТЕР во Македонија не постоело слично списание и колку што ни е познато не е објавена ниту една книга која ја третира електрониката на популарен начин.
Се разбира дека наша, а веруваме и ваша, желба е ЕМИТЕР и понатаму да излегува редовно, да го зголемува својот обем и квалитет и да дочека уште многу јубилеи. Редакцијата од своја страна ќе стори се овие желби да се остварат, но за тоа потребна е и поголема поддршка од страна на читателите и фирмите чија дејност е од областа на електрониката.
Слободан Таневски
Главен уредник
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.