Рубрика: Електроника
Временски маркер (временски позиционер на оставените пораки на телефонската секретарка)
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По повеќегодишната експлатација на автоматската телефонска секретарка (објавена во ЕМИТЕР 12/96 и првонаградена на конкурсот), во текот на преслушувањето на пораките, ми се јави потреба да знам во кое време е оставена некоја порака. Во прво време не го продлабочив проблемот сметајки дека и готовите електронски секретарки со комерцијална намена ја немаат оваа можност. Но тоа не значеше и нерешливост на проблемот.
Идејата ми се наметна од потребата, а решението е резултат на подолгото размислување, според кое е потребен само еден временски маркер, кој на одредени временски интервали ќе се појави и ќе се сними на лентата.
Уредот е составен од само три популарни интегрирани кола, лесно достапни и евтини. Задоволството од извршената работа ќе го почувствувате кога ќе го гледате касетофонот како периодично тргнува и застанува на секои десет минути, дава краток “beep”, а потоа исклучува.

50 W засилувач во интегрирана техника
Многубројните интегрирани засилувачи овозможуваат едноставна изведба на засилувачи на моќност со ИК. Едно од нив е и ИК LM 3876 кое овозможува излезна моќност од 43 W sin/ 8 оми. LM 3876 е член на фамилијата "Overture", развиена од "National Semiconductor". Членовите на оваа фамилија се меѓусебно компатибилни во распоредот на пиновите и функциите, а се разликуваат во максималната излезна моќност. Во овој напис ви прикажуваме една основната изведба на засилувач со ова коло. Шемата е така конструирана што со замена на ИК може да се добие поголема излезна моќност (Пр: со LM 3886 - 150 W max.).

Во почетокот тоа го правев со говорен маркер. Имено, јас или пријателите кои оставаа пораки, намерно го кажувавме времето на повикот. Неколку мои јавувања и неколку од пријателите беа доволни за ориентир и приближно временско позиционирање на оставените пораки. Но, како и секогаш тежнееме кон совршенство, кое во овој случај се сведува на прецизното одредување на времето на повик.
По подолго размислување се задоволив со точноста од 10мин, што не значи дека истата не може да се подобри. Со зголемувањето на точноста односно со намалувањето на времето меѓу два маркера се зголемува потрошувачката на лентата, и обратно.
Во концепирањето дојдов до заклучок дека уредот би морал да ги содржи следниве функционални единици кои би работеле во една целина:
1.Генератор на временскиот маркер, осцилатор кој на точно одреден временски период би генерирал импулс.
2.Моностабил кој ќе овозможи касетофонот да проработи еден временски период, доволно мал за да се заштеди лента, а доволно голем при репродукцијата да овозможи дистинкација на направените маркери.
3.Генерарот на “beep” кој би се вснимил на лентата за да маркира еден временски интервал, а со тоа да ни помогне во лоцирањето на времето во кое е примена пораката.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.