Рубрика: Електроника
Аудио засилувач 2X100W
Автор: Сашо Митевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во текстот што следи ќе можете да прочитате за еден доста квалитетен HI-FI излезен аудио засилувач. За разлика од претходните проекти на HI-FI излезни аудио засилувачи објавени во претходните броеви на “ЕМИТЕР” (кои исто така беа доста квалитетни) во овој напис ќе дадеме и конкретно решение за вградување во кутија. Се надеваме дека со тоа ќе помогнеме на помалку искусните самоградители.

При склопувањето прво треба да се залемат краткоспојниците, потоа отпорниците, кондензаторите, полупроводниците и на крај надворешните елементи. Особено треба да се внимава при поставувањето на електролитските кондензатори и транзисторите.

Откако сите елементи се залемени и сите ожичувања се извршени препорачливо е уште еднаш да се провери дали сите елементи се исправно поставени и залемени. Пред првото пуштање во работа потребно е прво да се провери вредноста на напонот за напојување. Доколку со напојувањето е сè во ред преминуваме на вклучување на засилувачот на напојување. Пред поставувањето на осигурувачите на соодветни места треба да ги испразните филтерските кондензатори. Потоа следува подесување на мирната струја, со што е извршено единственото подесување и засилувачот е спремен за вградување во кутија.

Главни елементи и материјали:

ИК: µPC1298V

Транзистори: 2SC3281 и 2SA1302

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.