Рубрика: Аудио и видеотехника
Лампашки засилувачи Marantz и звучници Energy
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Засилувачите со електронски цевки повторно се враќаат на сцената, гордо чекорејќи и покрај лузните од борбата со транзисторските засилувачи, пречекани со бурни овации после триесетгодишната прашина на заборавот. Дури и компанијата Marantz, со своите одлично оценети транзисторски засилувачи ширум светските Hi-Fi списанија, подлегна на носталгијата (и на очекуваниот профит) и повторно почна да ги произведува веќе подзаборавените модели со електронски цевки. Сите познати Hi-Fi списанија кои држат до својот углед (меѓу нив и ЕМИТЕР) објавуваат прикази и слушни тестови на Marantz Classics моделите. Од друга страна производната програма на Energy се состои исклучиво од класични звучници. Постојат вкупно три различни серии - Connoisseur, Pro и најскапата и најдобрата Veritas.

Marantz Classics: Model 9, Model 8b и Model 7
Засилувачите со електронски цевки повторно се враќаат на сцената, гордо чекорејќи и покрај лузните од борбата со транзисторските засилувачи, пречекани со бурни овации после триесетгодишната прашина на заборавот. Дури и компанијата Marantz, со своите одлично оценети транзисторски засилувачи ширум светските Hi-Fi списанија, подлегна на носталгијата (и на очекуваниот профит) и повторно почна да ги произведува веќе подзаборавените модели со електронски цевки. Сите познати Hi-Fi списанија кои држат до својот углед (меѓу нив и ЕМИТЕР) објавуваат прикази и слушни тестови на Marantz Classics моделите. Мерни тестови не се вршат, затоа што тоа би бил богохулен ерес. Побарувачката за Marantz Classics моделите е голема, бидејќи цената на новите реплики е пониска отколку азното што до скоро го плаќаа колекционерите за старите оригинали. Духот на неодамна починатиот Saul B. Marantz сигурно задоволно се насмевнува, следејќи ги од Рајот акламативните признанија за неговите дела кои успешно го издржаа суровиот тест на времето.

Звучници Energy
Канадските фирми Energy, Mirage и Sound Dinamics се делови од една иста компанија - Audio Products International. Производството на звучници од овие три различни фирми се одвива во заедничката фабрика во едно предградие на Торонто. Меѓутоа, во се' останато се независни - имаат различни развојни центри, маркетинг и мрежи на дистрибутери. Фирмата Mirage се концентрира на производство на биполарните звучници, но не е занемарена и понудата на класичните звучници. Производната програма на Energy се состои исклучиво од класични звучници. Постојат вкупно три различни серии - Connoisseur, Pro и најскапата и најдобрата Veritas (звучниците за Home Theater нема овде да ги споменеме).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.