Емитер 9/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Функцискиот генератор е еден од основните инструменти во секоја електронска лабораторија. Се користи за генерирање на сигнали со различни облици и служи за тестирање и мерење на најразлични електронски кола. Најчесто овие генератори имаат можност да генерираат синусни, триаголни и правоаголни сигнали, а поретко пилести и импулсни сигнали.
Со појавата на неколку специјализирани интегрирани кола, изградбата на квалитетен функциски генератор е значително олеснета и поедноставена. Од постарата генерација на интегрирани кола за оваа намена, секако најпознати се интегрираните кола XR2206 (произвотство на EXAR) и ICL8038 (произвотство на INTERSIL), а од поновата генерација најпознато е колото MAX038 (произвотство на MAXIM).
Во внатрешноста на изработениот функциски генератор М2
Во оваа прилика се одлучивме за функциски генератор базиран на колото ICL8038, за кој сметаме дека е достапен за поголемиот број на наши читатели. Иако се работи за едно доста едноставно и може да се каже класично решение , овој генератор е така проектиран да ги задоволи најголемиот број од потребите за испитувачки сигнали. Генераторот го покрива фреквентното подрачје од 10Hz-100kHz и има можност за избор на синусен, триаголен и правоаголен облик на излезениот сигнал. Исто така постои и TTL компатибилен излез за синхронизација кој може да се искористи и за директо поврзување со дигитални кола кои работат со TTL логички нивоа и за приклучување на надворешен фреквенцметар.
Целиот уред е предвиден за стационарна употреба со мрежно напојување.
Фреквентен опсег 10Hz – 100kHz
Број на фреквентни подрачја: 4
Излезна отпорност: 50 ома
Изедначеност на амплитудата: ±0,1dB
Максимална излезна амплитуда: 15Vpp
Клир фактор на синусниот сигнал: 1%
Нелинеарност на триаголниот сигнал: 0,1%
Време на пораст на правоаголниот сигнал: 450nS
Време на опаѓање на правоаголниот сигнал: 450nS
ИК: ICL8038, NE5534
Преклопници: обртен преклопник 3x4 (3 секции со 4 положби); обртен преклопник 4х3, преклопник 1х2, преклопник 2х2
Трансформатор: 2x12V/4VA
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.