Емитер 10/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Претпоставувам дека на читателите ќе им биде интересно да им објаснам малку подетално за подготовките и текот на овие слепи слушни тестови. Првиот слеп слушен тест на Hi-Fi уреди во Македонија, објавен во ЕМИТЕР 5/97, беше пречекан со општо одобрување. Уште од почетокот одлучивме по никоја цена да не ги штимаме резултатите на тестовите, за да бидат слични со оние од странските Hi-Fi списанија. И да сакавме да направиме такво нешто, тоа ќе беше прилично тешко бидејќи оценките за едни исти Hi-Fi уреди најчесто се разликуваат од едно до друго списание.
За овој тест избрав три CD плеера од два дистрибутера на Hi-Fi уреди. Според претходниот договор, третиот CD плеер требаше да го позајмам од трет дистрибутер, но годишниот одмор уште не им беше завршен. Секогаш настојував да обезбедам Hi-Fi уреди од три дистрибутери, а не од еден или два, за да нема сомневања во објективноста.
Покрај двата класични CD pleeri Akai CD 69 и Marantz 67 SE, избрав и еден CD плеер со електронски цевки - JoLida JD 601A. Засилувачите Harman Kardon 1400 и Rotel RA 980 BX и звучниците Tannoy D 100 ги позајмив од истите дистрибутери.
Добро конструираните CD плеери имаат скоро совршени технички карактеристики. Меѓутоа, колку што е почист звукот, толку и увото полесно може да ги открие ситните неправилности. За мерење на CD плеерите е потребна софистицирана и скапа мерна опрема, со која полесно се утврдува корелацијата меѓу субјективните оценки и измерените карактеристики - погледнете ги мерните тестови на Paul Miller во списанијата Hi-Fi Choice и Hi-Fi News & Record Review. Но и со прецизен волтметар и тест CD можат да се измерат повеќе карактеристики.
За да нема забелешки за објективноста, уште пред првиот тест постои отворена покана до дистрибутерите не само да дојдат да присуствуваат, туку и активно да учествуваат во слепите слушни тестови. Меѓутоа оваа можност дистрибутерите до сега не ја искористијашто би можело да се протолкува и како нивна безрезервна доверба во нашата објективност.
Единственото ограничување е, при тестирањетона звучници дистрибутерите (или нивните претставници) да не ги оценуваат звучниците, бидејќи е можно да се препознае карактеристичниот звук за секој звучник, па во тој случај секој дистрибутер би давал најдобри оценки за "својот" звучник, а најлоши за конкурентите.
Нашите слушни тестови траат само по два дена и две ноќи (сабота и недела). За толку кусо време е невозможно да се испроба компатибилноста со повеќе Hi-Fi компоненти и да се најде која комбинација најмногу му одговара на тестираниот уред, а која комбинација треба да се избегнува. Исто така не смее да се занемари можноста за некоја неисправност, дефект или раздесеност на тестираниот уред.
Во минатиот број на ЕМИТЕР, на страна 19 ("Слеп слушен тест ЦД - плеери"), во ред 10 од десната колона, погрешно е напишано името на списанието – наместо Audiophile треба да стои Stereophile. Им се извинувам на читателите за овој lapsus calami.
В.Ф.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.