Емитер 3/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Интернет-прелистувач кој може да се пофали со најголем реден број на верзијата, но не и со најголем број корисници. Иако постои многу години, сепак, дури со последните верзии сериозно и се доближува на конкуренцијата. Посебно со 11-тата.
Opera 11 претставува модерен и моќен интернет прелистувач кој успеа конечно да го фати чекорот со конкуренцијата како според изгледот така и според функциите и можностите кои ги нуди. И да дополни неколку, се разбира.
Да почнеме од изгледот. Модерен прелисувач без непотребни ленти со алатки и натрупани икони кои во основа многу малку се користат. Во горниот дел се сместени вкупно две ленти, од кои првата започнува со копчето Мени зад кое се крие речиси целокупната моќ на прелистувачот, а до него се редат табовите. Во втората лента, се основните опции за навигација и повторно вчитување на страницата, како и усовршената лента за адреси за која ќе стане збор подолу. Другиот дел од интерфејсот е резервиран за веб-страниците и веб-сервисите кои, мораме да спомнеме, се прикажуваат многу брзо и без некои грешки во изгледот и функциите.
Сега да разгледаме што ново носи Опера 11.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.