Рубрика: Информатика
Микробрановата ја намалува брзината на wi-fi мрежата
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 06.04.2020 - 15:45

Британската владина канцеларија за комуникации Ofcom одлучи да им помогне на интернет корисниците и компаниите кои даваат интернет услуги во намалување на задушувањето на интернетот, со цел зголемување на потребата поради домашната изолација на граѓаните.

Откако владите во целиот свет издадоа наредба луѓето да седат дома, милиони корисници од дома се вклучуваат на своите компјутери на работа, а оние кои не мораат да работат сè повеќе гледаат видеосодржини и играат игри со стриминг, што предизвикува оптоварување на мрежата. Компанијата Ofcom покрај тоа одлучила да издава кратки упатства и совети за граѓаните, за да го извлечат најдоброто од својот интернет, но и да го намалат прометот на податоци кои го загрозуваат провајдерот.

Советите од голем дел се однесуваат на работи кои се очигледни, по пат на преземања филмови наместо да гледаат Live стриминг, но има и една работа која не ја знаеме. Инаку, компанијата Ofcom кажува дека и користењето на микробрановата печка ги редуцира wi-fi сигналите, па ви препорачуваме да не ги греете сендвичите во неа додека некој врши видеоповик, гледа HD филмови или работи онлајн.  Друг совет се однесува на тоа дека рутерот треба да го држите подалеку од другите уреди кои би можеле да влијаат на сигналот, од типот на безжични телефони, бејби монитори, халогени светилки, стерео линии, компјутерски звучници, телевизори и монитори.

Исто така советуваат да се исклучат уредите што не ги користите бидејќи со повеќе уреди споени на wi-fi мрежа ќе имате помала брзина во размената на податоци, а и примарното користење на етернет кабли за директно поврзување со интернет преку рутер ќе ви ја намали оптовареноста за куќна безжична мрежа.

Клучни зборови: