Рубрика: Информатика
Не бидете и вие дел од мрачните статистики
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 09.01.2019 - 10:30

Дали знаете дека во 2018 година 69% од малите и средни компании биле жртви на сајбер-напади и претрпеле милионски загуби? Дури 57% од нив немале соодветна интернет заштита...

Не бидете и вие дел од мрачните статистики!

Kaspersky Small Office Security е решение коешто е дизајнирано специјално за малите и средните претпријатија, со од 5 до 50 компјутери, од 5 до 50 Андроид уреди и од 1 до 5 сервери. Наменето е за заштита од малициозен софтвер, а во себе инкорпорира врвни технологии коишто обезбедуваат заштита не само на вашите компјутери туку и на финансиите, деловната репутација и личните податоци, како и доверливите информации за вашите клиенти – сè она што е важно за вашиот бизнис.

Имајќи го на ум корисникот, решението е дизајнирано да биде лесно за употреба, бидејќи тоа е особено важно за малите бизниси. Со Kaspersky Small Office Security може да управувате дури и преку веб-конзола, па и ако немате свои специјалисти за ИТ, администраторот од далечина може да управува со безбедноста на сите лаптопи, десктоп компјутери и сервери за датотеки, како и паметните телефони и таблетите со Андроид платформа. Решението обезбедува заштита од светска класа, а истовремено се карактеризира со ниска потрошувачка на ресурси, со што им се овозможува на вработените да се фокусираат на работата.

Kaspersky Small Office Security овозможува:

• Безбедност на компјутерите со оперативни системи Windows и Mac, како и на датотечни сервери на Windows;

• Заштита на вашиот бизнис од phishing напади и други интернет напади;

• Безбедност на паметните телефони и таблет-уреди засновани на Андроид платформа, вклучувајќи и заштита од кражби (модул Anti War);

• Tехнологија "Безбедни плаќања";

• Заштита од отстранување на доверливи податоци, вклучувајќи ги и информациите за вашите клиенти;

• Едноставно управување.

 

Клучни придобивки:

• Напредна технологија против малициозен софтвер;

• Cloud заштита;

• Двонасочен заштитен ѕид за Windows компјутери;

• Мониторинг активност;

• Режим "Безбеден софтвер";

• Автоматска заштита од експлоатирања;

• Известувања за закани кога користите Wi-Fi мрежи;

 

Kaspersky Small Office Security, најтестиран, најнаградуван!

Побарајте го кај овластениот застапник за Kaspersky во Македонија, КАБТЕЛ.

 

--- комерцијален напис ---

 

Клучни зборови: